КИНА ВЕТУВА: Нема да му ја затвориме вратата на светот
Објавено во: Свет 18 Октомври, 2017
Кинеската економија „нема да му ја затвори вратата на светот“, туку „дополнително ќе се отвори“, изјавил кинескиот претседател Си Џинпинг.
Тој ветил и „еднаков однос“ кон странските фирми кои работат во Кина.
„Отворање (на економијата) ќе доведе до напредок, додека нас затворањето не враќа назад. Кина нема да ја затвори вратата на светот, туку дополнително ќе ја отвори“, рекол Си на отворањето на конгресот на Комунистичката партија на Кина.
Според негови зборови, кинеските власти ќе „ги штитат правата и интересите на странските инвеститори и секое претпријатие кое работи во Кина ќе има еднаков и рамноправен третман“.
САД и Европската унија неколку пати ја обвинија Кина за протекционизам додека странските компании присутни во Кина се жалат на дискриминација.
Се очекува на повеќемесечниот конгрес Си повторно да биде избран како лидер на партијата и претседател на државата.