26 Април, 2024
0.0273

Кипар бара излез од кризата

Објавено во: Свет, Финансии 21 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Кипар бара директна докапитализација на банките со пари од постојаниот спасувачки фонд на еврозоната, пренесува Ројтерс. Министерот за финансии на Кипар, Васос Сиарлис соопшти дека владата би сакала долговите, кои ќе се акумулира како последица на докапитализација на финансиските институции, да бидат преземени од Европскиот механизам за стабилност, кога тој почне да дејствува. Ова прашање ќе биде клучно во преговорите меѓу Кипар и меѓународните кредитори за спасувачка помош, додаде Сиарлис. Земјата побара помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) поради пропаѓањето на банкарскиот сектор. Банките во Кипар се тесно поврзани со Грција, а  проблемите таму предизвикаа сериозна штета на малата островска држава. Според проценките на аналитичарите за докапитализација на кипарските банки ќе бидат потребни 15 милијарди евра. Тоа е речиси колку големината на бруто домашниот производ на земјата и покренува сериозни прашања за одржливоста на нејзиниот долг. Пред два дена рејтинг агенција „Standard & Poor's“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар од ББ до Б со негативен знак,  што значи дека оценката може да биде и дополнително намалена во следните месеци.  

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек