Кирил Петков ја гледа Македонија во ЕУ дури по една деценија
Објавено во: Македонија 24 Април, 2022
Премиерот на соседна Бугарија, Кирил Петков ја гледа Македонија во Европската Унија најрано за 10 години, а смета дека токму ЕУ треба да биде гарант за правата на Бугарите. Додава дека Македонија и да ги почне преговорите, има многу поглавја на нејзиниот пат кон Европа.
Тој во велигденското интервју за бугарската телевизија БТВ, изјави дека многумина се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу двете земји, но и дека неговата влада нема да подлегне на „вакви лесни провокации, кои се обидуваат да се случат од двете страни“.
„„Ние треба само да ги поставиме нашите услови – на пример, за Уставот пред првото поглавје. На овој начин, со укинувањето на ветото, ние на Северна Македонија и даваме пат да тргне. Но, во овие посебни поглавја можеме да ги ставиме сите услови кои ни се неопходни, и така нема да го решиме проблемот што моментално постои за една или две недели, туку ќе имаме 10 години да работиме заедно за да може навистина Cеверна Mакедонија да биде европска држава и сите права на Бугарите таму да бидат целосно заштитени. Значи, пристапот треба да биде попаметен“, појаснува Петков.
Нагласи дека секој чекор во врска со Македонија мора да помине низ Парламентот. Бугарија ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, поради што Aлбанија ќе бара радвојување, односно двете земји да не одат во пакет.