23 Септември, 2017
0.3725
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

Ќе го даде мандатот како попче

Објавено во: Колумни 02 Мај, 2017

Како тоа Хорхе наеднаш ретерира во своите ставови? Мнозина мислат дека тоа е поради некакви аргументи на сила што ги употребил американскиот гостин. Сосема погрешно. Несреќа е за земјата, особено за дипломатијата, и срам за Претседателот е  што со месеци бара гаранција дека нема да биде нарушена унитарноста на земјата од новата власт, а Република Македонија има потпишано Декларација за стратешко партнерство со САД во која „Соединетите Држави и Македонија ја потврдуваат својата поддршка на принципите на суверенитет и територијален интегритет на државите, на целите и принципите на Повелбата на ОН, и на унитарна и мултиетничка Македонија во своите постоечки граници“. Зарем немаше некој да му го каже тоа? За да не се бламира. Антонио Милошоски ја има потпишано. Што може да гарантира новата власт што САД и Република Македонија не можат да го обезбедат?

Одеднаш Хорхе веќе не зборува за измислената „Тиранска платформа“. Сега бара само „гаранции“. Попристојно, иако и тоа е неразумно барање со оглед на уставните одредби за претседателските надлежности. Сигурно како гаранција нема да му понудат  недвижен  имот или банкарска гаранција, но мора да има „препрека“, како „кокошката би се сопнала“. Што значи дека и нему му е веќе јасно дека бегање нема, ќе мора да го додели мандатот и тоа како попче. 

Очигледно е дека посетата на Ји беше битна, но сигурно и Хорхе разбра дека од четвртокот веќе ништо не е исто. Народот со кој се закануваа наеднаш го снема, знаеја дека имаат исплашен и подмитлив, но ги изненади кога видоа дека немаат и будала народ. Толку се. Мала дузина луѓе се подготвени да одат во затвор за лидерот. Ќе кршат, ќе тепаат ако им речат и ќе убијат. Но, тие се. Тоа е народот кој е подготвен да ја даде и сопствената кожа за да ја спаси кожата на диктаторот,  иако целата е извалкана со криминал, загушени демократски процеси, воспоставен партизиран систем, блокирани државни институции.

А и меѓу тој народ има такви  кои се понадеваа дека диктаторот за пожртвуваноста ќе ги пофали или награди, па затоа пресметано влегоа во оваа „инвестиција“. Не дека пресметката им е комплетно промашена, но анализата не им е целосна. Најпрвин лидерот треба да остане на власт, па потоа да мисли со што и како ќе им се „заблагодари“. Сега засега тоа што тој направи е  што јавно се огради од нив,  зошто, нели, тој никогаш во животот не подржувал насилство. Нормално, нарачката на шамарите за Жерновски во Центар не се сметаат. А по средбата на Ји со Хорхе, и повеќе од сигурно е дека  останувањето на лидерот на власт е необјективно очекување. Значи „бранителите“ направиле некоја грешка во анализата.

Морам да признаам дека по глетката од 24 декември 2012 година не мислев дека такво насилство над народните избраници може да се повтори во Собранието. Меѓутоа, со насилници и криминогени типови на власт ништо не е исклучено. Не се воздржуваат ниту од мобилизирање на „гневен народ “. Важно лидерот да е „безбеден“. А тој и за да се обезбеди  гази преку нив. Но, така е тоа со лидери од овој ков, тие се повикуват на народот само кога треба да се извлечат од „калта“ , во спротивно цело време го цицаат , угнетуваат и му ги девалвираат основните човечки права.  Нормално, тоа секогаш го прават во име и за сметка на нивно добро, за кое  тие не се свесни, освен „бранителите“.

Жал ми е што правото на протест заврши со невидено нарушување на  јавниот ред и мир, со убиства во обид, тешки или лесни телесни повреди на народните избраници и новинари, со оштетување на Собранието.  Тука се работи за кривични дела и секој мора да одговара за делото кое го сторил, со сите отежнителни околности. Катастрофално е што лица од врвот на полицијата учествувале во нередите на страна на „народот на диктаторот“. Таквите мора да понесат одговорност, а најмалку е да се најдат надвор од редовите на МВР. Полицијата не служи на партиите туку на државата. Одговорност мора да понесат и пратениците кои, ги тргнале заштитните пречки од вратата на главниот влез во Парламентот и овозможиле  протестантите да влезат непречено. 

Во горниот контекст запрепастувачки се пренемагањата на неколкумина од раководството на ДПМНЕ, особено на Груевски, кога аргументи за својата „кауза“ бараат во Деловникот на Собранието откако, во повеќе наврати, го изгазија Уставот. Не сакаат да сфатат дека по грубото  прекршување на  уставниот ред, бессмислено е да се бара правда во деловникот. Треба да се признае грешката и да се овозможи мирен трансфер на власта.  Правдата ќе се воспостави кога ќе се примени одредбата на Уставот, кога Претседателот на државата мандатот за составување на влада ќе му го предаде на партиите кои имаат обезбедено мнозинство пратеници во Собранието. Притоа, не смее да се заборави дека единствено мнозинството има право и обврска да формира влада. А негова обврска е, по регуларни и од никого не оспорени избори, да спречи натамошно тонење на државата, од кое само малкумина во врвовите на власта имаат интерес. Сите што го оневозможуваат тоа стануваат соучесници на осомничените за „злосторничко здружување“.

Откако високиот претставник на САД им објасни на домаќините дека е дојден да даде поддршка на новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери, неизвесностите за формирање на нова влада се редуцирани на заблудени и неодговорни поединци. Дебатите за не повеќе од неколку дена ќе се префрлуваат во Собранието каде ќе се одлучува, зависно од карактерот на документот, со мнозинство или двотретинско мнозинство. По нормална дебата, мнозинството ќе може да избере Влада и Програма за работа на владата. Веројатно ќе има и остри дискусии од страна на опозицијата, особено околу нивната „грижа“ за опасноста од нарушување на унитарноста на државата. За прв пат, монолозите од спротивставените пратеници ќе ги видиме во дијалог. Ќе видиме кој што брани и со какви аргументи.  Аирлија нека е новата влада !

д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Нови пропагандни фронтови

Нови пропагандни фронтови

Моралот, политиката и градските татковци

Моралот, политиката и градските татковци

Стимулирање на трансферот на знаења и иновации во земјоделството

Стимулирање на трансферот на знаења и иновации во земјоделството

Ѕвечка оружје на северот од Европа

Ѕвечка оружје на северот од Европа

Наука и политика

Наука и политика