05 Мај, 2024
0.1171

Ќе има ли бенефит Токио од Олимпијадата?

Објавено во: Анализа 01 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

На 125-тата сесија на меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах беше избран за претседател и со тоа доби широк осум годишен мандат, период во кој светот ќе може да види неколку олимпијади кои ќе се случат под негово раководство. Бах е поранешен мечувалец и носител на златна медаља од 1976 година. Времето е пред Бах и ќе видиме што и дали нешто ќе смени во оваа моќна спортска организација.

Ова заседение сепак останува да се памети по тоа што, членките го одбраа Токио по втор пат да биде домаќин на летната олимпијада, која овој пат во тој град ќе се одржи во 2020 година. Претходно Токи беше домаќин во 1964 година. Токио ги победи Мадрид и Истамбул во борбата, со тоа што по првиот круг испадна Мадрид (кој интересно имаше ист број гласови со Истамбул, па беше потребно дополнително гласање) но сепак во финалето Токио доби 60, наспроти 36 гласа за Истамбул. Јапонија е економски џин. Долги години влече демографски проблеми, според некои и проблеми на огромно домашно задолжување кое не може да трае вечно и како капак на се е големото цунами пред некоја година, како и катастрофата во Фукушиме. Многумина почнаа да прават анализи за тоа колку може да помогне олимпијада во градењето на економијата. Па така дебатите се водат со конкретни бројки, но и со некои психолошки моменти. Проценките велат дека олимпијадата ќе повлече потрошувачка од 30 милијарди долари, како и отварање на 150,000 работни места. Сепак за земја која има неверојатни 5 трилиони долари БДП и која има 120 милиопни жители, тоа можеби и не е многу. Скептиците велат дека олимпијадата нема многу да помогне на долг рок. Тука се и примерите со Атина и Барселона кои по одржувањето на олимпијадите влегоа во тешки рецесии и останаа со празни стадиони и задолжени економии. Таборот кој е од другата страна сепак вели дека е глупаво да се прават споредби од тој тип. Пред се, затоа што Јапонија не се однесува криминално кога гради, затоа што веќе има силна инфраструктура во која ќе инвестира релативно мали три милијарди долари, кои како што пишува погоре многукратно ќе се вратат. Од друга страна тука е и психолошкиот момент кој ќе го подигне моралот на нацијата. Токио ќе биде препрлавено од гости од целиот свет. Таквиот поттик ќе биде се поголем како што ќе се ближи олимпијадата и ќе биде иден позитивен катализатор за нацијата која претрпе неколку големи природни катастрофи. Сепак, можеби први кои ќе почуствуваат ефект ќе бидат инвеститорите на берзата. Берзите на шест од последните седум земји кои добиле организација пораснале во просек за скоро 16% во првите 200 дена од прогласувањето на олимпискиот победник. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад