17 Мај, 2024
0.0276

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

Објавено во: Економија 30 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Хусамет Агушовски, претседателот на Управниот одбор на Топлана Скопје Север, која од неодамна е продадена за 350.000 евра, на новиот сопственик Ајри Шеј му ја отстапи директорската функција во фирмата „Друштво за снабдување со пареа и топла вода „Енерџи Еколинк АД - Скопје“.

Оваа фирма која од пред неколку дена се вика „Енерџи Еколинк АД - Скопје“, претходно го носела називот Акционерско осигурително брокерско друштво Нов Осигурителен Брокер - Скопје.  Директорот на друштвото кое е продадено, на купувачот му отстапува место во фирма која по се изгледа ќе снабдува топлинска енергија во големо скопско подрачје преку Топлана Скопје Север.

Регистрирано е и ново седиште на адресата каде што е топланата. Ајри Шеј е нов генерален директор на местото на Хусамет Агушовски како директор и претседател на Управниот одбор. Шеј за свои соработници во Управниот одбор си ги донел Арѓент Караи од Гостивар како претседател на Одборот на директори и Бренда Ли Пирсон од САД и Билјана Шеновска од Аеродром како неизвршни членови. Покрај Агушовски, од Надзорниот одбор избришани се Перихан Тафилоска, Јасмина Бурјакоска Јосифовска, Сашко Стојанов, Куштрим Дарлишта и Рабије Умер.

Од самата Топлана Скопје Север преку Македонската берза во март информираа дека нивни нов сопственик е компанијата „Орбита ИНВ ДООЕЛ“. Она што е интересно е дека новиот газда на топланата која снабдува со парно 500 домаќинства и јавни институции во скопски Чаир, Бутел и Топанско Поле, е друштво со ограничена одговорност на едно лице, и е всушност регистрирана за издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги.

Топланата Скопје Север се продаваше на јавна берзанска аукција по моделот се или ништо, и за неа се бараа 350 илјади евра од новиот сопственик. Ова следуваше откако Топланата претходно се нудеше за сума од еден милион евра, но тие пари никој не беше подготвен да ги плати, а потоа се бараа и 600 илјади, но и за оваа сума не се најде заинтересиран купувач. 

Орбита ИНВ ДООЕЛ ги платила овие 350 илјади евра за топланата, а треба да влезат во стечајната маса на Топлификација во стечај, и потоа рамномерно ќе им се исплаќаат на доверителите.

Официјалната информација до инвеститорската јавност преку Берзата ја испрати претседателот на Управниот одбор на Топланата Скопје Север, Хусамет Агушовски, кој соопшти дека „кај Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје е направена промена во сопственичката структура во капиталот на друштвото, односно друштвото за издавачка дејност, градежништво, трговија и услуги Орбита ИНВ ДООЕЛ, на 26 февруари годинава, преку трговска трансакција на Македонската берза се стекна со 77.414 обични акции од издавачот Скопје Север, со што вкупно поседува 99,98 отсто од основната главнина на друштвото“.

Според податоците на бизнис мрежа, Орбита ИНВ се јавува како сопственик на уште три компании регистрирани во земјава, заедно со бизнисменот од Албанија, Глигор Јоти за кого неодамна имаше написи во медиумите дека е контроверзен поради сомнителни јавни набавки во државава и во Албанија.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра