06 Мај, 2024
0.0854

Ќе имаме врнежи од дожд - еве што вели Славчо Попоски

Објавено во: Македонија 08 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски вели дека продолжува периодот на променливо време во Македонија, со натпросечно високи температури на воздухот и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Услови за слаб локален дожд ќе има во западните предели.

Вели дека поинтензивни врнежи и во поголем дел од Македонија ќе има во петок особено попладне и во вечерните часови кога ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

„Пад на температурите и засилен северен ветер ќе има во недела. Исто така во текот на ноќта сабота кон недела ќе има нови врнежи од дожд, додека поради продорот на постуден воздух од север на планините ќе има врнежи од снег. Сепак според последните направени метео материјали, падот на температурите нема да биде екстремно голем и долготраен, што значи дека во текот на следната седмица барем одсега гледано повторно ќе имаме пролетни температури на воздухот. Инаку овие денови наутро температурите ќе бидат позитивни, додека преку ден истите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени. Во Скопје исто така во петок особено кон крајот на денот и повторно ноќта сабота према недела ќе има повремени врнежи од дожд и ветер од јужен и југоисточен правец, кој повремено ќе биде со засилен интензитет“, вели Попоски. 

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени. Сето ова е поради влијанието на циклонот од запад.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува