17 Мај, 2024
0.0432

Ќе издржи ли економијата нов „локдаун“: Најголемите трговски партнери затворија, удар е неизбежен

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Меѓу најавите за нови карантини односно локадаун на национално ниво, многу од земјите објавија дека имаат одлични економски резултати во третиот квартал годинава. Додека повеќето важни економски партнери на Македонија веќе влегуваат во ново затворање со што одлучија повторно на некаков начин да ја жртвуваат економијата на сметка на ублажување на ширењето на коронавирусот, во земјава уште се калкулира со други рестрикции. Дали нов локдаун ќе биде погубен за македонската економија која и така нема некои забележителни перформанси? Познавачите немаат дециден одговор, особено затоа што речиси сите се категорични дека ако има потреба, здравјето на граѓаните мора да има приоритет оти и без ново затворање ситуацијата ќе излезе од контрола. Сепак повеќето, слично како и меѓународните експерти сметаат дека есенско зимскиот локдаун нема да има толку голем негативен ефект за економиите, така најверојатно би било и за македонската.

Одлични резултати, лоши прогнози 

Земјите забележаа апсурдно високи стапки на раст во третиот квартал. БДП на Америка порасна за 7,4 проценти  во споредба со второто тромесечје и забележа годишен раст од дури 33 проценти. Во еврозоната растот беше 12,7 отсто. „Економист“ пишува дека сепак има малку причини за наздравување. Повторното заживување на пандемијата, ширењето на бројот на новозаболени и рестрикциите се очекува да го запрат економското закрепнување. Овие стравови доведоа цените на нафтата да паднат на најниско ниво во последните пет месеци на 2 ноември годинава.

„Економист“ изгради индекс на економска активност во реално време. Според тој индекс заздравувањето на Америка запре поради новоевидентираните случаи на ковид-19. Франција, Италија, Велика Британија, Германија, Грција, сите влегуваат во нов локдаун. Иако е прерано да се пресмета ефектот, експертите велат дека овој нов развој на настаните во европските земји би предизвикал пад на БДП односно стапката на раст да се намали за 5 проценти во четвртиот квартал.

Македонија веќе пати

Додека се чека официјалниот резултат за вкупната економија во третиот квартал годинава, повеќето меѓународни институции, па и Владата и Народната банка очекуваат годинава Македонија да ја заврши со пад на БДП од над четири проценти.

Според последните податоци извозот од јануари до септември годинава паднал за дури 15 отсто, додека увозот е намален за 13 проценти на годишно ниво. Кумулативно или од јануари до септември за над 12 отсто е намалено и индустриското производство годинава споредено со минатата година. Но цената на кризата се огледа и во изгубените работни места. Според податоци од Агенцијата за вработување, од 11 март кога всушност почна пандемијата во земјава, па се до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 лица.

Светската банка во својот редовен извештај објави дека Македонија го ублажи влијанието од кризата врз пазарот на труд, но дека стапката на невработеност се зголеми на 16,7 проценти, за прв пат од 2011 година. Според нив, во вториот квартал од годината 17.690 лица ги загубиле своите работни места. 

Во меѓувареме Владата донесе четири пакети антикризни мерки со кои ги ублажи псоедиците од кризата, но тоа значеше и раст на вкупниот јавен долг на државата на над 60 отсто од БДП. 

Во тек е подготовката на буџетот за следната година, а министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека се предвидува раст од 4 проценти догодина согласно основното сценарио. Бесими вели дека буџетот за догодина ќе биде буџет за заздравување, дека ќе биде изработен на среднорочна рамка, како и дека на среден рок ќе се работи на фискална консолидација.

„Буџет кој ќе го поддржи економското закрепнување. Тој ќе даде и натамошна поддршка на здравствениот сектор, што значи заштита на здравјето на нашите граѓани, лекови, вакцини, здравствениот персонал, капацитетите внатре во здравството. Второ за мерки за социјалните категори и мерки за економијата и за задржување на работните места. Се предвидува во текот на наредната година да почнеме да се фокусираме колку што е можно во однос на политиките што ќе поддржат инвестиции за конкуретност, ќе поддржат подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции, што на среден рок ќе значи и одржлив раст и забрзување на истиот, рече Бесими.

Подготвени за спасување

Македонските здравствени власти вечат дека засега нема потреба од нови рестрикции. Сепак ситуацијата се компликува со растот на бројот на новозаболени. Она што загрижува е што се намалуваат можностите за хоспитализации на потешките случаи. За економијата е важно објектите да останат отворени, но речиси сите се согласуваат дека ако има потреба, нов полициски час или евентуален локдаун би бил единствено решение за здравствениот биланс. 

Сепак се тврди дека фискалниот одговор на кризата досега даде база за идни евентуални падови. Се најавуваат и нови антикризни мерки. Во моментов со усвојувањето на вториот ребаланс годинава се отвори можноста за реализација на мерките од четвртиот пакет.  

Со ребалансот и новите проекции, прогнозата за пад на БДП се ревидира надолу на минус 4,4 проценти. Поради потребите се зголеми буџетскиот дефицит на рекодни 920 милиони евра или 8,4 проценти од БДП. Владата ќе има потреба да позајми дополнителни 250 милиони евра кои како што рече министерот за финансии Фатмир Бесими ќе бидат од домашно задолжување.

Александра Томиќ



Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија