29 Март, 2024
0.0311

Ќе ја превземат ли „Топлификација“ за да спасат 20 милиони евра долг?

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Логично и реално ли е да се очекува дека група сака да го води главниот збор во „Топлификација“ за да спречи наплата на нејзини 20 милиони евра од ТЕ-ТО? Логично е ако мнозинство на акционерско собрание на „Топлификација“ одлучи да отпише такви побарувања од БХЛ и ТЕ-ТО

Клучен ли е долгот на БХЛ и на ТЕ-ТО кон „Топлификација“ за настаните што се случуваат во акционерската структура на оваа компанија? Ова прашање се наметнува како клучна тема во инвеститорската јавност особено последниве денови во кои актуелни се судските акти кои се однесуваат на претстојното акционерско собрание во „Топлификација“.

Факт е дека БХЛ и ТЕ-ТО должат над 20 милиони евра на скопска „Топлификација“, а за 6,2 милиони евра компанијата има судска пресуда. На „Топлификација“ и пропадна обидот за присилна наплата на побарувањата, но Апелацискиот суд пресуди и со правосилна и извршна пресуда одлучи дека „Топлификација “ не може присилно да ги наплати своите побарувања. 
Деновиве сме сведоци на високофреквентна активност за објавување на информации во врска со „Топлификација“ и сите се однесуваат на претстојно акционерско собрание во таа компанија кое е поништувано, обжалувано, а судовите во паралелна работа носат акти кои се однесуваат на претстојните активности за закажано акционерско собрание кое се одлага неколку пати. Всушност реалноста е дека сега има две закажани акционерски собранија во компанијата. Првото е од страна на здружението на акционери за заштита на правата во „Топлификација“, а другото е закажано од страна на физичко лице кое со судски акти е овластено за таква активност. Но првата страна за последно објави дека на суд го обжалила легитимитетот на правото на лицето да закажува собрание, а воедно соопштија и дека поднеле кривични пријави за судии кои се членови за судскиот совет што одлучувал. Како и да е „Топлификација“ стана судски случај, а читањето на информациите остава впечаток дека станива збор за судски лавиринт во кој не се знае дали има излез.

Во инвеститорската јавност се шпекулира дека станува збор за борба меѓу две акционерски групи од кои едната се бори за наплата на побарувањето на „Топлификација“ од ТЕ-ТО и од БХЛ, а другата се бори за да се спротивстави на таквата активност на првата група. Имено, втората група акционери во „Топлификација“ ја предводи кипарската компанија „Битар Холдинг Лимитед“ (БХЛ) која поседува 16 отсто во „Топлификација“ и е најголем поединечен акционер, а од друга страна поседува 29 отсто во структурата на ТЕ-ТО. И најзначајно е тоа што БХЛ во целост го поседува БЕГ – компанијата што го снабдува со топлинска енергија Скопје.

Поевтино е да ја контролираш „Топлификација“ отколку да и платиш 20 милиони евра?!!!

Ова е главната теза, која ја шпекулирааат во инвеститорските кругови. Основата на тезата е тоа што се предвидува дека ако БХЛ со својата група акцинери се обидува да добие превласт над здружението за заштита на акционерски права во „Топлификација“ и да го отпише долгот. Имено шпекулацијата е дека е многу полесно да се вложат четири до пет милиони евра и да се обезбеди управувачки пакет за да се контролира компанија која побарува 20 милиони евра и за дел од тоа веќе има судска пресуда. Дали БХЛ има мотив за тоа? Мотивот може да се бара во непрекинато работење на БЕГ, снабдувачот со топлинска енергија на Скопје, кој пак во голем дел топлинската енергија ја купува од ТЕ-ТО, најнова и најголема централа која произведува топлинска енергија, а истовремено произведува и електрична енергија. А за да снабдува ТЕ-ТО треба да работи. А ќе работи само ако го затвори прашањето со долгот кон „Топлификација“.

Кој со кого управува и поседува?

БХЛе компанија со седиште на Кипар од јуни 2014 година, а претходно седиштето и било во оф-шор зоната Џерси Ајландс. Оваа компанија поседува 29,2 отсто од акциите во ТЕ-ТО, а истовремено е и најголем поединечен акционер во „Топлификација“ каде поседува 16отсто од управувачките гласови. Истовремено БХЛ го поседува во целост БЕГ снабдувачот со топлина на Скопје, кој пак за милион евра годишно ги закупува постројките на „Топлификација“ со цел снабдување на Скопје со топлинска енергија. Доминантен сопственик на ТЕ-ТО е странска компанија „Проџект менаџмент консалтинг“ и таа контролира 60 отсто од акциите (според официјален извештај на независни ревизори за 2015 година). „Топлификација“ е најмал акционер во ТЕ-ТО и поседува 10,8 отсто од акциите. БХЛ во ТЕТО поседува 29 отсто од управувачките права. БХЛ е со седиште во Кипар, во базата на Bloomberg нема податоци за лица од управувачката структура.

Повеќе на темата можете да прочитате на следниве линкови: 

http://faktor.mk/akcioneri-tvrdat-bhl-na-toplifikacija-i-dolzi-22-milioni-evrahttp://faktor.mk/te-to-ad-go-dobi-sporot-so-toplifikacija-adhttp://faktor.mk/zoshto-vo-toplifikacija-smrdi-na-skapano-jajce

Независниот ревизор: Иднината на ТЕ-ТО е неизвесна!!!

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи