27 Април, 2024
0.0322

Зошто во „Топлификација“ смрди на скапано јајце?

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Основниот суд 2 во Скопје на 30 август прво носи привремена мерка за забрана за спроведување одлуки од акционерско собрание во јули, а потоа истиот суд во вонпарнична постапка носи решение со кое дозволува да се закаже собрание признавајќи ги како валидни одлуките од истото собрание за кое важи правосилна привремена мерка! На чисто ли се судиите ?

„Топлификација“ утре попладне закажа акционерско собрание на кое ќе се гласа за одобрување на работата на управниот и на надзорниот одбор како и за годишниот извештај за работењето и за годишната сметка и за усвојување на деловните резултати. Клучна новина е тоа што собранието легитимно и полноправно ќе може да заседава и доколку има помалку од 50 отсто од сите гласови, а легитимни одлуки ќе може да носи со мнозинството од гласовите кои утре ќе се соберат на ова собрание. Тоа значи дека макар и со 30 отсто или помалку гласови утре би требало да има легитмини резултати.
Воедно многу е важно и тоа што на презакажаното собрание ќе нема пријавување туку можат да дојдат директно на собранието кое е закажано за утре во 18 часот во хотел „Континентал“. Тоа значи дека е можно утре да се појави некој „џокер“ кој може да влијае или да го промени соодносот на силите на претстојното собрание.

Презакажаното собрание е резултат на увертирата во која требаше да се одржи собрание на 4 октомври, но кое не можеше да се одржи токму заради тоа што немаше кворум односно се јавија помалку од 50 отсто од акционерите. Со тоа се отвори простор за презакажување со кое се овозможува да се укине цензусот од најмалку 50 отсто од бројот на гласови и собрание легитимно да одлучува со просто мнозинство од половина плус еден глас од бројот на пристуни акционери кои ќе гласаат утре. 

Да биде какофонијата поголема очигледно дека различните табори во акционерската структура на  „Топлификација“ водат и различни судски постапки едни против други. Тоа го дознаваме од соопштението кое „Топлификација“ го објави на страницата на Македонската берза. Имено, во првиот дел од соопштението пишува дека скопскиот Основен суд 2 во вонпарничка постапка, по барање на акционери кои имаат помалку од 2,5 отсто од акциите, донел решение да се закаже акционерско собрание со познатиот дневен ред. „Топлификација“ го добила решението и најави дека ќе го обжали затоа што е спротивно на закон. 

Имено акционерите навеле дека бараат закажување на собрание затоа што фирмата нема легитимен надзорен и управен одбор. Судот го прифатил тоа барање. Веројатно тие акционери поднеле докази од акционерското собрание во јули кое беше оспорено од „Топлификација“ и за кое нотарот што го водел записникот, наводно,  се изјаснил дека одлуките не се легитимни. Токму „Топлификација“ објавува дека од Основниот суд 2 од Скопје има решение за привремена мерка од 30 август годинава кое е правосилно на 13 септември годинава со кое е забрането спроведување на одлуките од јулското собрание. 

А токму тие одлуки истиот суд ги земал во предвид во вонпарничката постапка и одлучил во корист на акционери. Сега прашањето дали ќе има и паралелно собрание на „Топлификација“ , а прашање е што ќе се случи и утре во „Континентал“ на ова собрание кое закажано по истите точки.  

Како што пишувавме клучно е следново: стануваат многу реални изгледите „Топлификација“ да го наплати своето побарување од Те-То преку блокада на неговото работење и тоа сега на почетокот на грејната сезона. 

Повеќе на следниов линк http://faktor.mk/mozen-li-e-raskol-vo-toplifikacijaа 

За вредноста на бизнисот со затоплување прочитајте на овој линк ИМА ЛИ ПОДОБАР БИЗНИС: Колку тежи затоплувањето на Скопје?


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра