29 Април, 2024
0.0275

ЌЕ НАСТРАДА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА ПРОСЕЧНИОТ МАКЕДОНЕЦ, ВЛАДАТА НЕМА МНОГУ КАКО ДА ПОМОГНЕ - професорот Ванчо Узунов за последиците од руско-украинската војна

Објавено во: Финансии 25 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Оваа година животниот стандард на Македонците секако дека ќе биде погоден од растот на цените, односно инфлацијата, која ќе се зголеми значајно поради војната меѓу Русија и Украина.

Владата нема многу простор за да помогне, но треба да води сметка за ранливите категории на граѓани. Што значи, цехот на војната ќе мора секој еден човек да го плати, некој повеќе, некој помалку.

Ова е генералниот став за тоа како воената операција што Русија ја почна врз Украина ќе се одрази врз глобалната, но и врз домашната економија, на универзитетскиот професор од земјава, Ванчо Узунов, даден за Фактор.

„Прво, двете подрачја кои се опфатени со војна, односно и Русија и Украина, се многу битни места и за светот и за Европа, поради нивното богатство со енергенси. Второ, и двете држави се богати со значајни суровини, и трето, и двете држви се дел од разни меѓународни компании, и европски и светски, и од сите економски текови, кои ќе замрзнат за време на војната. Од целата оваа ситуација најмногу ќе загубат овие две држави, но и целиот свет ќе биде тангиран, некој повеќе, некој помалку“, вели професорот Узунов.

Тој нагласува дека одговор на војна се санкции, кои веќе се изречени кон Русија, и тоа ќе ги сруши сите синџири на снабдување, буквално на сите производи и стоки, но и финансиски текови, освен медицинската опрема.

Последица на сето ова конкретно за Македонија, ќе бидат високите цени и зголемената инфлација.

„Фактот што ќе растат цените на енергенсите, нешто што кај нас не може да биде премостено на никаков начин, особено гасот и нафтата, но и на електричната енергија, кои се влезни инпути буквално во сите производи, ќе ги зголеми цените, што ќе атакува на животниот стандард на граѓаните, кој, пак, и онака во изминативе години е погоден од бројните кризи кои се случуваа, односно здравствената, како и енергетската криза“, објаснува овој експерт.

Според Узунов, нема многу простор за владина интервенција, во смисла на намалување, на пример на давачките на енергенсите, бидејќи, како што вели, та ќе ги намали буџетските средства кои се неопходни, а нови кредити ќе биде многу тешко да се земат.

„Владата и досега за време на здравствената и енергетската криза постојано интервенира со некакви економски пакети. Но, треба да се има предвид дека задолженоста е буквалн до лимитот, така што не се препорачуваат нови заеми. А, дури и да се има таква намера, во време на војна, прашање е кој воопшто би ви позајмил пари. Дури и да се случи тоа, каматите, односно цената на позајмиците ќе бидат неверојатно високи, бидејќи кај нив ќе се вгради факторот на ризик и тоа значајно ќе ги зголеми“, објаснува Узунов.

Така што, продолжува професорот, Владата нема тука што многу да направи за да им помага на фирмите или на граѓаните за пребродување на тој ценовен удар.

„Клучно за Владата сега е да се настојува колку што е можно повеќе да се одржи макрофинансиската стабилност, односно да не се дозволи во земјава да дојде до превисока инфлација и, не дај може да се помислува за промена на девизниот курс. Точно дека тоа е обврска на Народната банка, но тоа да се утврди заеднички во пакет со Министерството за финансии. Ова го кажувам од причина што очекувам дека во наредниот период сигурно ќе се зголемат барањата и повиците до Владата за девалвација, особено од некои компнии“, вели Узунов и додава дека доколку годинава успееме да ја завршиме со едноцифрена стапка на инфлација, би требало да кажеме дека добро сме поминале.

Кога станува збор за пакетите на финансиска помош кои се очекуваат од државата, Узунов смета дека ниту таа може уште долг период да ги одржува, ниту, пак, тие ќе бидат од преголема помош. Единствено, треба да се сконцентрира да ги помага ранливите категории. Но, сите други, ќе мораат да си го платат цехот на кризата, некој помалку, а некој повеќе. Но, факт е дека ќе му настрада животниот стандард на секој еден просечен Македонец. Не би требало да има очекувања дека Владата може овие негативни ефекти да ги ублажува, на пример, со намалување на акцизите на бензините или на некои други давачки, бидејќи на тој начин ќе настрада буџетот. Така што, бадијала ќе бидат овие барања, според мене, Владата не би требало нив да ги прифати, и тоа е порака која што таа треба да ја испрати“, вели Узунов.

Инаку, професорот е скептичен дека оваа криза ќе заврши во брзо време, со оглед што се дозволи да почне, нешто во што досега малкумина веруваа.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери