Ќе остане ли Зијадин Села коалициски партнер на Заев?
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2017
Неизвесно е дали Села ќе остане коалициски партнер во Владата на Заев.
Јавноста очекува одговор на ова прашање да слушне по денешната закажана средба на Заев и Села која според дел од медиумите ќе се одржи во Владата во 14 часот.
Зијадин Села треба да даде одговор на прашањето како неговата партија ќе продолжи да работи во Владата на СДСМ откако Заев во министерството за здравство реши да го кандидира Венко Филипче.
Медиумите брифираат дека не се исклучува на денешниот состанок Села да оди со контра понуда- односно да побара позиции кои според него треба да бидат со иста тежина како изгубеното министерство.