18 Мај, 2024
0.1635

ЌЕ ПОЛАГААТ ЛИ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДРЖАВНА МАТУРА: Неделава очекуваат да заврши штрајкот на ДИЦ

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Точно една недела трае штрајкот на вработените во Државниот испитен центар кој е задолжен за спроведување на државната матура, а овие денови средношколците на кои им е потребен овој исклучително важен документ за продолжување на образованието на некој од универзитетите, се надеваат дека неизвесноста ќе заврши. Оние со кои разговараше Фактор се крајно разочарани и сметаат дека најголема штета секогаш трпат токму учениците.

-Секоја година се соочуваме со некаков проблем, ова навистина е неиздржливо. Ништо не видовме од средношколските денови, пандемија, штрајкови наставниците за плати, сега штрајк на вработените во ДИЦ. Секогаш најтешкиот товар го носиме ние. Полуписмени не оставија, па само уште ова ни недостига, да не полагаме државна матура. Мене конкретно државната матура ми треба за да ја продолжам едукацијата во Утрехт, Холандија, но секој еден што сака да студира, макар и на УКИМ, овој документ е потребен, не можеме да се запишеме со училишната диплома, односно со уверението дека сме завршиле средно училиште. Кај нас секогаш се користи ваков момент, да се направи притисок за да го добијат тоа што го сакаат, вели Андреј С. средношколец од Тетово.

Истовремено, и претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ цени дека мора брзо да се најде решение, за да навреме течат сите рокови околу испитите кои практично треба да почнат на 27 мај, нагласувајќи дека зголемувањето на платите на вработените во ДИЦ и нема да му нанесе голем товар на буџетот.

- Иако Сојузот сè уште нема официјално дискутирано по ова прашање, јас ќе кажам дека лично имам целосни симпатии за барањата на вработените во Државниот испитен центар. Износите на платите што ги споделија со јавноста се скандалозни и недозволиви. Понатаму, станува збор за навистина мал број на вработени, што значи дека зголемувањето на платите нема сериозно да ја обремени државата. Исто така, во прегледот на ОЕЦД за образованието во земјава е наведено дека: „Државниот испитен центар (ДИЦ) е препознатлив во регионот поради иновативната поставеност и интегритет“. Не треба државната матура да биде доведена во прашање бидејќи таа ќе им наштети најмногу на матурантите, но и на целиот систем. Токму затоа апелирам надлежните институции – МОН и Министерството за финансии, да ги прифатат барањата на вработените и заеднички да изнајдат начин мирно и навремено да го решат штрајкот вели во изјавата за Фактор, Павиќевиќ.

Инаку, синдикатот на Државниот испитен центар соопшти дека ги стопира сите процеси што се во нивна надлежност, па освен спроведувањето на претстојната државна матура, најверојатно нема да ги подготвуваат и меѓународните тестирања, обуката и испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници. Бараат повисоки плати, бидејќи поголем дел од нив, а вработени се вкупно 29, го земаат минималецот од 20.100 денари.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање