„Ќе се гледаме и во наредните пет години“, Грабар-Китаровиќ индиректно објави уште една кандидатура
Објавено во: Балкан 05 Август, 2019
Во понеделникот, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ индиректно ја објави својата кандидатура за претседател.
„Јас сум денес овде како претседател на републиката, ќе се гледаме и во наредните пет години“, кратко изјави Грабар-Китаровиќ пред новинарите, на одбележувањето од операцијата „Бура“.
Во краткото излагање, Грабар-Китаровиќ им честиташе на новинарите за Денот на победата и благодарноста на татковината, Денот на ветераните на Хрватска и 24-годишнината од операцијата Бура.