22 Јануари, 2018
0.3753
    ALK 7698.52    0.63%     AUMK 1700    0.06%     GRNT 830    0.73%     KMB 3135.87    -0.52%     MPT 28907    -3%     MTUR 4158    -2.16%     OKTA 3200    2.86%     RMDEN16 94.5    0.11%     RZUS 124    9.73%     STB 970    1.04%     STIL 154    1.61%     TEH 140    -6.67%     TEL 283    1.07%     TETE 2060    3%     TKVS 3106    -3%     TPLF 1798.38    -0.03%     TTK 950    -0.12%     ZPKO 2700    -0.37%

Ќе се казнуваат загадувачите на воздухот во Струмица

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Општинските инспектори на Струмица ги засилија контролите над фирмите кои се осомничени дека го загадуваат воздухот во градо со користење на недозволени енергенси за огрев кои придонесувале за зголемување на аерозагадувањето и против нив се поведени управни постапки.

„Овластените инспектори, согласно нивните надлежности од законот на животна средина и закон за управување со отпадот, како и законот за јавна чистота, спроведува повече инспекциски контроли, при што кај неколку субјекти се констатирани неправилности при користење на недозволени енергенси за огрев кое придонесува за зголемено аерозагадување и загрозување на животната средина. Согласно споменатите закони, против овие субјекти се поведени управно инспекциски постапки“  вели Александар Оџаков секретар на општината за ТВ 24.

 Од општината не конкретизираа кои фирми загадувале но посочија дека инспекциските контроли ќе продолжат и следната недела. Освен правните субјекти ќе се контролирале и домаќинствата кои се под сомневање дека користат иверица за загревање.

„Треба да има инспекциски надзор во индустријата, бидејќи вакви амплитуди во град каде нема индустрии е нелогично. Греење има и во другите градови, па нема загадување“ посочи Горги Танушев од здружението Здрава Котлина.

 За време на Божик, Струмица според мерната станица на министерството за животна средина поставена во струмичката болница беше најзагаден град. Беа измерени концентрации 15 пати повеќе од дозволеното. Од министерството информираа дека станицата се тестирала и резултатите не биле веродостојни.


Можеби ќе ве интересира

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се повлече Законот за употреба на јазиците

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се повлече Законот за употреба на јазиците

Каде во Македонија има најдебела снежна покривка?

Каде во Македонија има најдебела снежна покривка?

Села сака да се врати во Владата на Заев?

Села сака да се врати во Владата на Заев?

По средбата Заев-Ципрас Нимиц доаѓа во Скопје?

По средбата Заев-Ципрас Нимиц доаѓа во Скопје?

Судењето одложено: Што ќе утврдуваат вештаците за дедото на починатата Тамара?

Судењето одложено: Што ќе утврдуваат вештаците за дедото на починатата Тамара?

Шекеринска ја отвори обуката за градење интегритет за највисокото раководство на МО и АРМ

Шекеринска ја отвори обуката за градење интегритет за највисокото раководство на МО и АРМ

Како до поголема транспарентност за службените патувања во странство?

Како до поголема транспарентност за службените патувања во странство?

МНР ги осуди политиките на омраза и нетрпение на протестите во Солун

МНР ги осуди политиките на омраза и нетрпение на протестите во Солун

Македонија најверојатно без Лазаров до крајот на првенството

Македонија најверојатно без Лазаров до крајот на првенството