19 Мај, 2024
0.0257

Ќе се продолжи сезоната за наводнување од ХС Брегалница

Објавено во: Агробизнис 23 Август, 2013

Добивај вести на Viber

По барање на земјоделеците од регионот, а и поради високите температури и потребата од вода за полевање на земјоделските површини, сезоната за наводнување  наместо до 15 септември ќе биде продолжена.

- Дневно од акумулацијата „Калиманци“ преку хидросиостемот „Брегалница“ до крајните корисници во Виница, Кочани, Штип и Свети Николе се пуштаат по 15 метри кубни вода во секунда, од кои количини 13 метри кубни се пуштаат по десниот магистрален канал а 2 метри кубни по левиот канал. Од расположивите 115 милиони метри кубни вода на стартот на сезоната за наводнување во месец мај, досега се испорачани 65 милиони метри кубни вода. Значи во акумулацијата „Калиманци“ остануваат уште 50 милиони метри кубни вода кои ке бидат доволни да се заврши успешно сезоната за наводнување, истакна Зоран Беличев, директор на Водостопанското Претпријатие  „Брегалница“ од Кочани. Од ВП „Брегалница“ истакнуваат дека иако наводнителната сезона се одвива според планот, земјоделеците од регионот сеуште  должат големи суми на пари преку своите Водни заедници

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?