19 Мај, 2024
0.0289

Ќе се воведат две нови државни награди Блаже Конески и Ремзи Несими

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Од Владата по одржаната 151-ва седница, соопштуваат дека има предлог за воведување на две нови државни награди. 

Владата го разгледа и утврди и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот државните награди, со што предлага воведување две нови државни награди.
 
„На Иницијатива од Советот за македонски јазик, како што соопшти предлагачот, Министерството за култура, се предлага да се востанови нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство, којашто се предлага да го носи името на Блаже Конески - основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач. По Иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, како што соопшти Министерството за култура, се предлага да се востанови уште една нова државна награда, за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и  албанологијата во земјава, којашто, се предлага да го носи името на Ремзи Несими - лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правописот на албанскиот јазик во 1972 година“, соопштија од Владата. 

Конески е еден од најзначајните протагонисти во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.  Неговите дела се преведени на голем број јазици. Тој е истакнат прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, полиглот, препејувач од многу јазици на делата на низа поети како Његош, Неруда, Мајаковски и други.

Во земјава веќе има книжевни награди кои се доделуваат во чест на познати македонски поети како Анте Попоски, Кочо Рацин, Ацо Караманов.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“