26 Април, 2024
0.0291

Ќе седнат ли Груевски и Заев на маса - компромис до нови избори или до нова влада?

Објавено во: Македонија 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Се погласни се предлозите од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се одржи лидерска средба на која би се разговарало за последните случувања во Македонија со зачестени провокации од албанските политичари како и дејства кои се во спротивност на Уставот. Ова лично го потенцираше и пратеникот Крсто Мукоски на собраниската седница.

„Освен седнување на заедничка маса и отварање на сите нерешен прашања кои задираат во уставниот поредок на земјава, не може да пројдат освен со заеднички дијалог и наоѓање на компромис“ - рече Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите барања засега се неприфатливи за СДСМ бидејќи според нив нема потреба од лидерска средба на која би се разговарало за нови избори бидејќи нив не може повеќе да ги организира оваа власт која е во заминување, туку да се одблокираат институциите, да се избере собраниски спикер и да се изгласа реформска влада. 

„За што би разговарале ние на таква средба и со кого? Ние имавме такви средби и на тие беше постигнат договорот од Пржино, крајната цел беа одржување на парламентарните избори“ - потенцираше Петре Шилегов од СДСМ.

Идејата за лидерска средба како пробен балон беше пуштена и од страна на Ахмети кој по состанокот со дипломатот Карл Билд истакна дека кризата зависи единствено од македонските партии кои може да се договорат меѓу себе. 

Засега нема јасни индиции дали при посетите на странските дипломати неофицијално се лобирало да се одржат нови лидерски средби меѓу Груевски и Заев, како и за тоа што би донеле истите, компромис до нови избори или отстапки за формирање нова влада предводена од можеби широка коалиција.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот