19 Мај, 2024
0.0252

Ќе стигне ли ТТК Банка до добивка од милион евра?

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

За трите квартали профитот достигна 741.000 евра, резултатот е за 20 отсто подобар од истиот период лани, а проекцијата од еден милион евра за 2022 година сега е реалност. Џокерот во ракав на менаџерскиот двоец Арсовски Алексова беа резервациите за ризични пласмани кои годинава се безмалку на половина од истиот период лани

ТТК Банка направи профит од 741.000 евра за првите девет месеци годинава и тоа е за 20 отсто подобар резултат од истиот период лани. Иако реално гледано летното тромесечје (јули – септември) е најслаб период во споредба со претходните два квартали ТТК Банка успеа да оствари профит што е за 20 отсто поголем од добивката истиот период лани.

Што и донесе раст на добивката на ТТК Банка?

ТТК Банка за девет месеци има нето приход од камати од 2,96 милиони евра што е за 6 отсто помал приход од истиот период лани. За сметка на тоа банката, во овој период, ги зголемила нето приходите од провизии и надоместоци. Тие изнесуваат 2,4 милиони евра и се за 3,5 отсто повеќе од истиот период минатата година. Банката книжи зголемување на останатите приходи од дејноста за повеќе од 50 отсто и тие достигнаа 550.000 евра.

Клучна деловна операција за зголемување на добивката на ТТК Банка годинава има намалувањето на износот на резервациите. Тие се преполовени во однос на истиот период лани и сега изнесуваат помалку од 400.000 евра.

Трошоците за вработените за деветте месеци изнесуваат 2,2 милиони евра. Тие бележат раст за речиси 120.000 евра во споредба со 2021 година. Овој параметар укажува на грижата на банката за своите вработени особено сега во услови на растечка инфлација.

Каква била деловната активност на банката?

Од билансот на состојба е видливо дека има благо намалување на кредитната активност и релативно поголемо намалување на инвестициите во државни хартии од вредност. До крај на септември банката во кредитно портфолио има 78,3 милиони евра што е за неполни 2 милиони евра помалку од крајот на 2021 година.

Вложувањата во државни хартии од вредност се на ниво од 20 милиони евра што е за 5,7 милиони евра помалку во однос на крајот на 2021 година.

Оваа банка чува 117,8 милиони евра депозити на комитенти и тоа е за 7,3 милиони евра помалку од нивното на депозити на крај на 2021 година.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат