05 Мај, 2024
0.0228

Ќе успеат ли земјите членки да ја вратат довербата во ЕУ?

Објавено во: Анализа 23 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Унијата не ужива особено доверба меѓу населението на заедницата и затоа се води дискусија како земјите членки да си ги вратат надлежностите Европската Унија ја губи довербата. Доказ за ова е падот на поддршката за институциите на ЕУ меѓу граѓаните на речиси секоја земја членка. Најнезадоволни се жителите на Велика Британија, каде што дискусиите дали земјата да остане член на ЕУ не запираат, пишува New York Times. Постојат две групи со предлози како да се врати довербата кај институциите во Брисел. Едната нуди граѓаните да го изразуваат своето мислење за активностите на Европската комисија (ЕК) да речеме, како даде повеќе моќ на Европскиот парламент (ЕП) или како избираат претседател на ЕК. Другата нуди Брисел да не се меша во политиките на национално ниво. Двете гледни точки сепак се засновани на погрешно верување. ЕУ не располага со демократи или обични луѓе. Малку од граѓаните се чувствуваат навистина Европејци. За нив повеќе вредна е националната припадност. Бевме сведоци на најниска активност на изборите за ЕП. Создавање на демократија без демократи е вистинска уметност, но тоа нема да ги реши проблемите со довербата кај институциите. Предлог на холандската влада Подоброто решение е да се дадат поголеми овластувања за одлучување на национално ниво или со други зборови - децентрализација. Тоа ќе ја доближи власта поблиску до луѓето. Ова е една од идеите на холандската влада , базирана на принципот "Европско - каде се наметнува , национално - каде што е можно " . Според него , времето во кое ЕУ мора да се претвори во " уште поблиска унија " во секоја можна област.  Според владата на Велика Британија надлежностите на ЕК се базираат на слични принципи. Прашањето тогаш е како точно да се постигне децентрализацијата ? Едно од главните барања на британските конзервативци е овластувањата на земјата , дадени на Брисел , да се вратат повторно во Лондон . Велика Британија има право да се откаже од еврото , да не учествува во банкарската унија и да не учествува во разговорите за внатрешни прашања. Едно е да имаш можност да избираш дали се префрлени дел од своите овластувања на Брисел , а сосема друго е да си ги вратиш. Тоа е затоа што една држава може да стави вето , ако има опасност да ги изгуби своите овластувања , но и секоја друга држава може да се спротивстави на обидите на оваа земја да си ги вратат. Што повеќе, ако земјите можеа да избираат кои закони на ЕУ да ги следат. Како до реформи Некои од старите британски конзервативци веќе не инсистираат толку за враќање на надлежностите. Министерот за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека Велика Британија треба да се обиде да ја реформира ЕУ заради доброто на сите, а не само поради доброто на земјата. А како точно да се постигне тоа? Дел од одговорот лежи во сознанието дека одлуките можат да се земат децентрализирано, дури и без да се пренесат овластувања од Брисел. Договорот за ЕУ веќе содржи два слични принципи. Едниот од нив е принципот на супсидијарност, според кој одлуките треба да се земат на тоа ниво од власта, што е најблиску до населението. Вториот е принципот на пропорционалност, според кој законите на ЕУ треба да го обезбедат минимумот доволен за постигнување на одредена цел. Ако овие принципи се следат правилно, ќе има помалку загриженост за интервенцијата на Брисел во области кои се надвор од неговите надлежности. Пример, обидите да ја забрани употребата на шишиња за маслиново масло за еднократно во рестораните. За радост тоа не се случи. Проблемот е дека принципите на супсидијарност и пропорционалност се многу субјективни. Така смета Хозе де Арејлза, професор по право во Esade University во Шпанија. Тоа не значи дека политичарите и бирократите треба да се согласуваат сите одлуки да се земаат на децентрализирано ниво. На пример, оваа година ЕУ ја промени политиката за рибарство, за да врати дел од власта назад на земјите. ЕК и ЕП против самите себе? Но таквите чекори не секогаш ќе бидат успешни, бидејќи ЕК и ЕП имаат интерес власта да е централизирана. Треба да бидат преземени дополнителни активности за да се користат за намената принципите на супсидијарност и пропорционалност. Една од идеите е да се насочи дефиниција, дека владите можат да преземат акција против институциите на ЕУ, ако тие се мешаат во области во кои не треба. Проф Арејлза сепак смета дека концептите секогаш ќе се толкуваат различно, ако се користат за легални цели. Другата идеја е на британската истражувачка организација Open Europe. Таа предлага да се користи "црвени картони" кои владите на земјите ќе ги користат и да приговараат против предлозите на ЕК, ако тие ги кршат принципите на супсидијарност и пропорционалност. Веќе има "жолт картон", со кој ЕК треба да се усогласи и да ја  разгледа својата одлука, ако повеќе од една третина од земјите не се согласуваат. Друга опција на предлогот е да се овозможи на владите да побараат од ЕК преиспитување на постојниот закон, а не само на новите промени. Се разбира, се уште ќе биде невозможно да се анулира закони, ако ЕП не се согласи на овој чекор. Но ако доволно влади приговораат, така поголемото влијание врз законитоста може да го реши проблемот. Ревитализација на принципите на супсидијарност и пропорционалност може и да не ги реши целосно законските проблеми на ЕУ. Нешто различно треба да се направи за да им се обезбеди на земјите кои не го вовеле еврото, гаранција дека нема да бидат дискриминирани од земјите во еврозоната. ЕК, пак, треба да биде поефикасна при разоткривањето на измами, но и да се осигура дека владите ќе се придржуваат кон правилата на играта. Освен ако нема сериозна промена во овие насоки, европските граѓани ќе бидат уште повеќе незадоволни од европскиот проект. K.K

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад