19 Февруари, 2018
0.4890
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Објавено во: Анализа 20 Ноември, 2017

Речиси две недели поминаа откако Владата и официјално потврди дека Љубомир Јовевски е нивниот кандидат за главен јавен обвинител, но неговиот избор се уште не е конечен бидејќи поддршка треба да добие и во Собранието на Република Македонија со мнозинство од 61 пратеник. За изборот на Јовевски секако има политичка волја и парламентарното мнозинство составено од СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците најверојатно ќе му ја даде довербата но, најпрво треба да се доутврдат неколку измени во владиниот состав.

Се очекува изборот на Јовевски да коинцидира и со изборот на новите министри во владата кои треба да ги пополнат испразнетите места на кандидатите кои станаа градоначалници или советници во општините. 

Засега најголем предизвик е да се пополни местото на Таравари во министерството за здравство, но и воопшто да се гарантира досегашната коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата по спротиставувањето на локалните избори со две „екипи“. 

Доколку Села повеќе не е прифатлив за Заев и Ахмети, тогаш потребно е да се најде замена во нов партнер со најмалку двајца пратеници за комплетирање на основното мнозинство од 61 пратеник и продолжување на активностите во Собранието со гласање. 

Затоа засега нема најавено конкретни временски рокови за изгласување на Јовевски кој притоа би дал и излагање во Собранието за тоа што ќе лланира да работи. Секако, изборот мора што побрзо да се реализира бидејќи новиот главен јавен обвинител го очекува огромна работа пред себе како непристрасно и професионално водење на многу случаи кои се од клучен интерес за јавноста, враќање на довербата во правосудниот систем и реформи во ЈОРМ. 

Јовевски по добиеното позитивно мислење од Советот на јавни обвинители беше опишуван како правник што ги поминал сите скалила во системот, а Владата го избра бидејќи имал беспрекорна биографија, без ниту една дамка. Дел од експертите сметаат дека е направен добар избор, бидејќи Јовески е човек што има искуство, знаење и висок интегритет. Други правници и луѓе од фелата го прифатија изборот но, жестоко го критикуваа бидејќи станува збор за заменик републички јавен обвинител кој со години работел заедно со Зврлевски и практично бил дел од еден систем на кривичен прогон кој довчерашната опизиција тврдеше дека е крајно неправеден, корумпиран и под директно парттиско влијание на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, ЈОРМ ќе го води човек од внатре кој добро ги познава сите услови и меѓусебни односи, па така може и да ја унапреди институцијата.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Дали е време Лилјана Поповска да се повлече од политиката?

Дали е време Лилјана Поповска да се повлече од политиката?

Манифести, меморандуми, апели - Кој би ги прекинал преговорите за името?

Манифести, меморандуми, апели - Кој би ги прекинал преговорите за името?

Дали фан клубот му направи услуга на Заев и ПР тимот на Владата?

Дали фан клубот му направи услуга на Заев и ПР тимот на Владата?

Кој го искривува Советот за реформи на правосудството на Заев?

Кој го искривува Советот за реформи на правосудството на Заев?

Грција цели кон Горна Македонија без превод, каде се нашите позиции?

Грција цели кон Горна Македонија без превод, каде се нашите позиции?