26 Април, 2024
0.0290

ЌЕ ВОСКРЕСНЕ ЛИ САМСУНГ: Харвардски ученик, внук на основачот, ја презема империјата!

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Внукот на основачот на Самсунг го презема управувањето со најголемата јужнокорејска компанија која бележи пад на профитот после фијаското кое го имаше со моделот Galaxy Nоte 7.

Јужнокорејскиот гигант бележи профит од 3,9 милијарди долари од јули до септември што е 17 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Продажбата паднала за седум отсто додека операционалната добивка за третото тромесечие е намалена за 30 отсто, во согласност со прогнозата која компанијата ја дала порано овој месец.

Акционерите гласале 48-годишниот Ли Џае-јонг, синот на првиот човек на компанијата Ли Кун-хиј и внук на бизнисменот и основач на Самсунг Ли Бјунг-чул да го преземе водството.

Ли кој се школувал на Харвард, е поставен на чело на бордот директори после проблемите со повлекувањето на телефонот модел Galaxy Nоte 7 поради самозапалување.

Се верува дека Ли Џае јонг донесува одлучувачки одлуки во компанијата откако неговиот 74-годишен татко, имал срцев удар во 2014.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти