27 Април, 2024
0.0276

Ќерката на прес-секретарот на Путин: Во Русија е добро само за нас богатите!

Објавено во: Стил 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во Русија е добро само за богатите семејства како моето, вели 18-годишната ќерка на прес-секретарот на рускиот претседател Путин, Дмитриј Песков. Лиза Пескова неодамна даде интервју за руската телевизија „Дожд“, што силно отстапува од официјалната линија на руската државна пропаганда, за која посветено работи нејзиниот татко. Таа зборува пет јазици и има 20.000 фанови во Инстаграм, каде што редовно објавува свои провокативни фотографии.

- Не дека сум за хомосексуалните бракови, но не сум против истополовите парови, така да се каже. Јас сметам дека тоа е всушност избор на човекот, а не знаеме под какви околности израснал и што му е во главата. Јас само го поддржувам изборот на секој човек, вели 18-годишната Лиза, цитирана од британскиот весник Дејли мејл.

Според неа, во Русија е добро само за богатите семејства како нејзиното.

- Европа е попогодна за живот на обичните луѓе. Навистина ми се допаѓа менталитетот на моите европски врсници, нивниот однос кон животот. Јас се чувствувам подобро во европско опкружување. Но ако заминам, тоа не значи дека не ја сакам Русија, вели Лиза Пескова.

Таа исто така е незадоволна од рускиот образовен систем: „Тоа беше вистински пекол. Не мислам само јас, дека системот на образование во Русија треба да се смени“.

Во август Лиза била на одмор во Турција, откако Путин ја укина забраната за патување на Русите во таа земја. Мораториумот беше воведен во декември минатата година, откако Турција собори руски воен авион на границата со Сирија.

Лиза објавува своја слика, на која позира во црн костим за капење и со текст: „Здраво, Турција! Ми недостигаше! Земјата е отворена за Руси! Турција е мојата татковина, како и Русија. Последните тажни настани не го променија моето мислење“, додава таа.

- Тажно е дека оваа ситуација негативно влијае и на руските и на турските граѓани, пишува уште Лиза.

Дејли мејл забележува дека Лиза објавува во Инстаграм свои слики од Париз, Москва и Анталија, но негира дека е дел од руската „златна младина“ - богата елита која натрупа необјасниво големо богатство при управувањето на Путин во Русија.

Минатата година нејзиниот татко ги налути обичните Руси со часовник во вредност од 396.000 фунти, но Лиза тврди дека тоа што е негова ќерка, не и дозволува да води живот на милионерка.

- Сите мислат дека бидејќи татко ми е Песков, имам возачи, скапа облека, но тоа не е така, вели таа и додава: „Ако носам скапи работи, ги позајмувам од мајка ми. Моите очила чинат 3 евра и си ги купив сама“.

Нејзината мајка Екатерина, позната по светскиот животен стил, сега живее во Париз со двајцата браќа, откако се раздели со Дмитриј Песков, кој во август се ожени за олимписката шампионка во уметничко лизгање Татјана Навка.

Лиза вели дека нејзиниот татко бил лут кога таа решила да се запише во француски универзитет, и покрај неговото инсистирање таа да учи во Москва. Двајцата веќе повторно биле во добри и топли односи.

Лиза често им го покажува на своите фанови на социјалните мрежи своето тело, но открива дека имала проблеми со тежината. Кога била помала, нејзината мајка ја натерала да застане пред огледало и ѝ рекла: „Погледни се, ти си дебела. Види си го стомакот, види си ги бутовите“. Потоа Лиза се нашла под влијание на својот татко, кој редовно посетувал фитнес.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти