04 Мај, 2024
0.0278

„КЛ7 е едно огромно семејство децата се наша иднина, иднина на Македонија“

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Децата од КЛ7 школите низ Македонија изминатиов викенд имаа меѓусебна средба, запознавање и дружење преку забава со нивниот идол Кирил Лазаров. Предновогодишно, организирани од цела Македонија допатуваа во Скопје во салата на ОУ"Круме Кепески". Над 600 дечиња, дел од нив со своите родители ги преполнија трибините на салата во која се играа и три ревијални натпревари. 


Иако без резултатско значење натпреварите беа посебно доживување и проследени со огромно внимание.Се играа помеѓу пионерите од школите, пионерките и најинтересниот натпревар на тренерите и нивните најдобри учeници, судија на натпреварот беше Лазаров. По завршувањето капитенот со својот тренерски и организациски тим им поделија новогодишни пакетчиња на сите присутни а на оние кои не беа во сала им испратија по нивните тренери.


"Ми претставува огромна чест и задоволство што функционираме повеќе од успешно веќе трета година низ цела Македонија организирани на 17 локации. Довербата тешко се стекнува, многу лесно се губи.Среќен сум што таа доверба ја стекнавме кај нивните родители и секако кај децата, благодарен сум на сите нив. Преку 1000 деца да се организираат во текот на целата година, инфраструктурно да се обезбедат услови, квалитетни тренинзи и сето тоа да функционира безпрекорно затоа сум благодарен на мојот тим за целата организација и секојдневната работа на школата. Со овој настан се запознавме уште подобро, а таа непосредност секогаш е причина плус за уште подобро функционирање и живот на КЛ7 како едно огромно семејство и во иднина. Бидејќи фундаментот на се во животот се децата , тие се нашата иднина, иднината на Македонија" - Изјави капитенот Лазаров кој им се обрати на присутните посакувајќи им уште поголеми успеси и на училиште и на терен во годината која следи и на тој начин честитајќи им ја новата година.На настанот беа присутни и играчите од екипата КЛ7 која од оваа сезона се натпреварува во првата ракометна лига. Децата се дружеа и со нив и уживаа во овој за многумина од нив посебен ден.


КЛ7 е едно огромно семејство децата се наша иднина, иднина на Македонија "

И на крајот на оваа убава 2019 година огромна благодарност од КМГ Спорт Агенција за нерезервната помош и поддршка која ни ја даваат родителите, кои се секогаш тука за нас.Тие се нашата најсилна логистика.Им благодариме од срце за се!


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото