02 Мај, 2024
0.0268

Климатизерите се главни виновници за предизвикувањето на синузитис

Објавено во: Стил 20 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Повеќето луѓе ги игнорираат советите на постарите луѓе да не се седи на промаја. Бабите сепак имаат право, лекарите исто така предупредуваат дека главните виновници за воспалението на синусите се климатизерите и ветрот.

Оториноларинголозите предупредуваат дека луѓето всушност не знаат како да ги користат климите правилно. Тие сметаат дека во топлина пониската температура во просторијата е добра за телото, бидејќи ги лади, но не е така.

Климатизери и ветрот предизвикуваат синузитис

Климатизацијата треба да биде поставена да се намали температурата до ниво до кое може да се поднесе подобро од телото, а не да се намали до 18 степени, на пример и да се добие огромна разлика од температурата надвор и внатре во просторијата.

Голем број од луѓето кои се изложени во текот на денот и неконтролирано користење на климатизерите, страдаат од акутен синузитис, кој се карактеризира со општа слабост, треска, привремено губење на сетилото за мирис, болки во главата и неможност за дишење преку нос. Специјалистите предупредуваат дека кога надвор температурата е околу 30 степени, климатизери оптимално би требало да бидат поставени на 23 - 24 степени, со што ќе се направи разлика од неколку степени.

Ако не сакате синузитис, држете ги климатизерите само неколку степени пониски од надворешната температура.

Ако пак температурата надвор е околу 40 степени, климатизерите треба да бидат поставени на над 30 степени, во спротивно ризикувате освен акутен синузитис и шок за телото, кој може да добие шок поради драстичната промена на температурата. Освен во просториите со климатизери треба да се внимава и на автомобилите, бидејќи кога се движат на кратки растојанија обично сакаме брзо да ја отфрлиме температурата, со што ја ставаме климата на многу ниска температура и правиме голема грешка - велат лекарите.

Летото сеуште не е завршено, па затоа внимавајте како се разладувате. Покрај неконтролираното користење на климатизери и ветрот, воспаление на синусите може да се добие и од прекумерна употреба на ладни пијалоци, сладолед, ладни базени и слично. Ако сепак дојде до појавата на синузитис, обратете се кај вашиот лекар за да ви препише соодветна терапија.