26 Април, 2024
0.0295

Коалиционите партнери на Груевски негодуваат за платформата на Албанците

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска одржa средба со лидерите на политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.

Дел од коалициските партнери сметаат дека барањата на ДУИ можат да бидат пречка во преговорите.

Акцентот на средбата бил ставен на резулатите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. Се разговарало и за започнувањето на преговорите за формирање нова Влада.

Илија Димовски изјави дека коалициските партнери негодуваат за платформата на Албанците. 

„Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници“ - вели Димовски.

Ердоган Сарач од ДНЕТ вели дека платформата не може да служи за градење на иднината на Македонија. 

Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека преговорите со ДУИ ќе почнат овие денови. 

Груевски има рок најдоцна до 29 јануари на Собранието да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Доколку во тој рок не успее да се договори парламентарно мнозинство, мандатот се враќа, а претседателот на државата е дожен да и ја додели на втората партија со најмногу пратенички мандати. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“