26 Април, 2024
0.0392

Коце Трајановски на велосипед ја најави Неделата на мобилност

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Со велосипедско кафе на „Рекорд“ и блокиран сообраќај за автомобили град Скопје ја најави Неделата на мобилност која ќе се одржува низ цела Европа. 

– Градот Скопје се приклучува кон Европската недела на мобилност 2017, која годинава се одржува под мотото „Споделувањето те движи напред“ и во која учествуваат повеќе од 2.280 градови. Денеска ја потпишав свечената декларација, а во наредниве седум дена за граѓаните ќе понудиме низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење. Европската недела на мобилност е кампања која промовира визија на градски улици за велосипедистите, пешаците, возачите на ролери, тротинети, скејт-борди, корисници на инвалидски колички, на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава и не го заземаат животниот простор на своите сограѓани. Ве поканувам утре од 9 до 13 часот, на велотурата и на големиот велопикник што ќе се одржи на паркингот на Средно Водно (во близина на жичницата), истакна денеска градоначалникот Трајановски.

Тој посочи дека Градот Скопје е свесен за важноста на оваа манифестација, па затоа, од 2011 година, кога од одбележување на Денот без автомобили премина во организирање на Европската недела на мобилност, се стреми да иницира, осмисли, организира и реализира активности преку кои ќе ја подигне јавната свест, ќе ги промовира своите проекти што во рамките на своето редовно работење ги спроведува и информирајќи ја јавноста ќе ја поттикне активно да се вклучи во менувањето на навиките и во утврдувањето на приоритетите во заедницата.


Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката