Добивај вести на Viber
Има директно признание од Зоран Заев дека бил информиран за лошите
состојби во Еуростандард банка уште пред една година.
Дилемата е зошто токму сега пропаѓа банката за која се чини дека
целокупниот државен апарат и одредени бизнис кругови блиски до власта
биле информирани, вели Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.
Наспроти ажурноста на одредени компании целокупниот финансиски државен апарат затаил. Јавното обвинителство, финансиската полиција, агенцијата за финансиско разузнавање, комисијата за хартии од вредност не дале никаков сигнал за лошите текови во банката. Како што Заев призна дека бил информиран за состојбите тоа го прави и главно одговорен затоа што државниот апарат затаил. Преку 20 милиони евра ќе останат проневерени и неисплатени, а од 100 илјади блокирани сметки, само 10 проценти од лицата имаат отворено сметки во други банки. Што значи дека околу 90 илјади граѓани ќе останат без своите пари следниот месец, рече таа
ВМРО-ДПМНЕ бара итен одговор од државата и да се обештетат сите физички лица во износ до 100 илјади евра влогови и правни лица до 50 илјади евра.