03 Мај, 2024
0.0260

Кое кафе си ти - провери во Барбакан!

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Желбата за задоволување на потребите наутро е силна. Сите сетила се начулени, отворени за ново искуство што го носи секој нов ден. Првите капки кои ги допираат усните како велвет се распостилаат по јазикот. Слатко горчливиот вкус го буди телото, уживаш во кофеинот и првата утринска шолја кафе.

Но, кое е кафето што ги задоволува твоите утрински потреби? По што копнееш, а што те исполнува? Дали е тоа кафе со силно тело кое нагорчува или лесна пена што те пренесува како бурни морски бранови.

Изборот на кафе многу открива и за карактерот на оној кој го пие. Начинот на кој се подготвува, послужува и ужива во него покажува како се носиш со предизвиците и радоста во животот. Дали сакаш да патуваш на нови егзотични локации или не сакаш изненадувања?  Дали сакаш остра арома со смел вкус што протресува како луѓето без влакна на јазикот или го пиеш кремасто и благо, налик на добрите луѓе.

Денес со Барбакан за тебе подготвивме тест. Прво направивме тест да откриеш кое кафе си ти и може да прочиташ кое кафе треба да го одбереш за целосно да се опуштиш во божествениот вкус. Дојди во скопскиот бистро бар „Барбакан“, порачај го првиот тип кафе што ќе ти падне на ум од новиот бренд Buondi и откриј се себе си!


Еспресо

Роден лидер! Само една мала голтка од еспресо може да биде многу горчлива и многу интензивна. Исто како и оној што го бира ова кафе, прилично интензивна и смела личност. Работиш напорно, но и се забавуваш лудо. Знаеш како да ги постигнеш работите што ги сакаш. Ти си основата за сите други кафиња. Инспирација си за другите и сакаш работите да ти одат под конец.

Дупло еспресо

Логичар! Многу си практичен и не влетуваш во авантури вртоглаво, како некои од твоите пријатели. Секогаш имаш јасна и конкретна цел пред тебе и максимумот од себе го даваш кога претпоставениот точно ќе ти каже што очекува од тебе.

Макијато

Ти си личност што не сака да носи одлуки. Имаш опуштена природа и навистина не сакаш премногу да ја анализираш секоја одлука. Карактеристична нота ти е спонтаноста и сакаш релаксиран пристап кон работите во животот.

Капучино

Космополитен! Ти си многу софистицирана личност. Имаш префинета смисла за стил и се држиш до класиката. Многу креативен ум и висока социјална интелигенција. Тоа те прави одличен пријател.

Нескафе

Авантурист! Не се плашиш од кафе богато со ароми и вкусови. Сакаш да живееш спонтано во мигот наместо да ги планираш работите до детали. По природа си среќна и позитивна личност и луѓето сакаат да бидат околу тебе.

Најдобар начин да го доживееш кафето што си ти, особено ако се сметаш за вистински вљубеник, може да се случи откако ќе го посетиш скопскиот бистро бар „Барбакан“. Затоа што кафето го третираат како стартер на комуникацијата и дружбата. Додека со друштвото уживате во богатиот избор на квалитетно кафе кое ќе го задоволи вкусот и на најизострените љубители на кафето, проверете го и тестот.


„Секој искусен угостител знае дека кафето е една од најважните работи за гостите. Професионалците посветуваат многу внимание кога го одбираат кафето што го служат во барот. Нашиот избор е Buondi, висококвалитетно кафе кое во светот го препознаваат како најдоброто еспресо кафе. Го одбравме и затоа што во шолјата Buondi е преточена една социјална нишка карактеристична за македонскиот менталитет, односно во тие неколку грама препознаваме забавен, интензивен, живописен и социјален, модерен, опуштен, елегантен и рафиниран вкус. Нудиме исклучително искуство кое буди страст, гостите го препознаваат и го одбираат Барбакан за своите бизнис состаноци или попладневни дружби со пријателите“, порачува бариста Ристе Барутовски од Барбакан.

Барот Барбакан се издвојува од останатите скопски места како место со добар вкус и внимателна услуга. Исклучителен амбиент којшто ги задоволува потребите на гостите кои одржуваат бизнис состаноци или оние кои бараат место во попладневните часови да се опуштат на „афтерворк“ забава со исклучително добра музика во живо.

„Љубителите на кафе во Барбакан може да бираат меѓу Buondi Gold и Buondi Perfetto според тоа какво кафе преферираат. Buondi Gold е мешавина од Арабика и Робуста сорти на кафе, со силно тело, ниска киселост и добра горчина избалансирана со кремаста какао структура. Додека Buondi Perfetto е 100% Арабика кафе, сертифицирано од Rainforest Aliance. Има средно тело, средна киселост, ниска горчливост и слатки ноти на бадем. Оние кои ја преферираат горчливоста на кафето може да одберат Buondi Gold, додека Buondi Perfetto е за оние кои не сакаат горчлив вкус. Барбакан се одлучи за кафето 100 Арабика“, објаснува Барутовски.

Со енергичната доза кофеин, во Барбакан може да одберете и вкусен десерт или едноставно, средбата да ја почнете со префинет оброк, што ќе продолжи во незаборавно дружење во амбиент што опива со добра музика.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија