29 Април, 2024
0.0275

КОГА КАЖУВА МОНИКА БЕЛУЧИ, ПОСЛУШАЈТЕ: Трудете се да изгледате природно. Еве трикови!

Објавено во: Стил 05 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Моника Белучи е симбол на италијанска убавина. Според нејзиното мислење, со годините не го изгубила сјајот туку повеќе добивала што се однесува до убавината и изгледот. Не држи ниту една посебна диета, сака пливање и јога.

Обожава црвен кармин и долги релаксирачки купки за тело. А како ја негува косата? Моника има раскошна, густа коса и носи фризури кои се воглавно класични. Не сака драмтични промени на бојата на косата и фарбање, се труди да изгледа природно.

Моника и понатаму ја носи косата рамна (обично правило е жените со годините да ја скратуваат и осветлуваат).

Употребува шампон растворен во вода како косата не би и била премногу исушена и верува дека употребата на концентрирани шампони е штетна.

Косата ја мие два пати неделно. На коренот на косата става маслиново масло и повремено го користи за длабинска нега.

Ладно цедено маслиново масло, богато со витамини А и Е исто така употребува во секојдневната исхрана. Смета дека е важна здравата и балансирана исхрана но дека не треба да бидете премногу строги кон себе.

Избегнува фенирање така да фризура прави само тогаш кога учествува во јавни настани и снимања, останатите денови се обидува да биде опуштена.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти