02 Мај, 2024
0.0298

Кога ќе се појават првите трилионери?

Објавено во: Стил 19 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Замислaта да имаш милијарди долари може да изгледа нереална за просечниот жител на планетата. Но дали е можно да станеш побогат и од милијардер?

Според различни експерти, одговорот е „Да“. И за неколку децении светот ќе ги има своите први трилионери.

Идејата еден човек да поседува трилиони може да изгледа сосема апсурдна денес, но вистината е дека светското богатство расте.

Според Глобалниот извештај за богатството (Global Wealth Report) на Credit Suisse, во 2013 година светот колективно, поседувал 241 трилиони долари - рекордна сума.

Меѓу 2012 и 2013 година светското богатство се зголемило за 21,9 трилиони долари - повеќе од двојно во споредба со богатството во 2000 година.

Овој брз раст значи дека милијардери наскоро ќе има многу на број, а постепено некои од нив ќе станат и трилионери. Како би изгледал првиот трилионер и со што би се занимавал тој, за да се здобие со слична состојба?

Во интервју за Tech Insider даночниот адвокат и анализатор на нееднаквоста Боб Лорд вели дека првиот светски трилионер би можел да има профил на претприемач од типот на Илун Муск, креаторот на Тесла - пронаоѓач кој „создал нешто што никој не го сметал за можно порано“. Потсетуваме дека Муск работи на проект за магнетна Левитација и за вселенски летови.

Овој клучен изум, или серија на успешни пронајдоци, ќе му донесат на креаторот трилиони долари. И според Лорд, тоа може да се случи во следните 25 години.

Дека првиот трилионер веќе е блиску, верува и Сем Алтман, претседател на супер успешниот стартап инкубатор Y Combinator.

Појавата на толку богати луѓе сепак едвај е еднострано позитивна вест. Според многумина, вклучувајќи го и Алтман, нееднаквоста во распределбата на светското богатство е огромно и самата идеја за трилионер звучи прилично „неправедно“. Сепак Алтман вели дека за да напредува општеството, таков чекор треба да се случи.