26 Април, 2024
0.0297

Кога ќе почне процедурата за избор на нов јавен обвинител?

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Како што информираше денеска на прес-конференција, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, Владата на наредна седница на 22 август на дневен ред ќе стави заклучок со кој ќе му се наложи на Собранието да распише оглас за избор на нов Републички јавен обвинител. 

Откако ќе биде распишан конкурсот, тој ќе биде отворен 15 дена. По ова, сите биографии на кандидатите ќе бидат испратени до Советот на јавни обвинители кој ќе има 15 дена рок за да даде позитивно или негативно мислење за кандидатите. Овие мислења Советот ќе ги испрати до Владата која на наредната седница откако ќе ги добие мислењата ќе треба да избере еден кандидат кој од Советот добил позитивно мислење. Биографијата на избраниот кандидат се испраќа до Собранието со препорака тој да биде избран за нов Републички јавен обвинител кое со 61 глас „за“ ќе треба да го одобри изборот на кандидатот.

„Ќе се бира професионалец, односно личност од професијата со дигнитет и достоинство кој ќе го врати угледот на позицијата јавен обвинител, ќе го почитува законот и Уставот и ќе постапува еднакво, непристрасно и одговорно во делење на правдата и воедно ќе ја врати довербата на граѓаните во правосудните институции“- вели Бошњаковски. 

Тој е категоричен дека ќе се запазат сите законски регулативи при изборот на новиот јавен обвинител.

Конкретниот рок кога ќе се избере јавен обвинител не се знае, затоа што според членот 8а од Изборниот законик, според кој од распишување на изборите до конституирање на општинските совети, не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување.

Собранието вчера го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија.

Обвинителката Лилјана Спасовска ќе го менува Зврлевски се до изборот на новиот вршител на функцијата. 

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица