Кога планира Заев да му носи гаранции на Иванов?
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2017
Лидерот на СДСМ и парламентарното мнозинство наскоро ќе му однесат гаранции на шефот на државата.
СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците на Иванов ќе му ја гарантираат унитарноста на државата со заедничка писмена изјава.
Според партиски извори од СДСМ гаранциите лично Заев ќе му ги предаде на претседателот а тоа би требало да се случи идната недела или најдоцна до 19 мај.
Парламентарното мнозинство деновиве има средби со странските амбасадори со кои заедно ја токмат содржината на гаранциите.
Дел од медиумите пренесоа дека албанските партии се согласиле за гаранциите освен Алијансата на Зијадин Села кој бил против да се стават потписи.