17 Мај, 2024
0.0266

КОГА СЕ МОРА, СЕ МОРА - Народната банка пак ја зголеми каматата, сега таа е дури 5,25 отсто

Објавено во: Финансии 09 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 5,25 отсто. 

Ова го одлучил Комитетот за оперативна политика на Народна банка. 

Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Во согласност со зголемувањето на основната каматна стапка, ќе се применува и повисока каматна стапка на кредитот преку ноќ. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п. Овие каматни стапки ќе се применуваат од 15.2.2023 година. Со овие промени, Народната банка и на почетокот на оваа година продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, преку примена на повеќе инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок“, се вели во соопштението од централнаа банка. 

На седницата било утврдено дека остварувањата кај клучните макроекономски показатели главно се во согласност со очекуваните. 

„Сепак, амбиентот за спроведување на монетарната политика и натаму е неизвесен и бара претпазливост. Вкупната инфлација почна да забавува кон крајот на минатата година, во согласност и со намалувањето на светските цени, а се очекува дека овој тренд ќе продолжи и во тековната година. Сепак, со оглед на силината и долготрајноста на надворешните ценовни шокови, и покрај поволните поместувања, инфлацијата и натаму е на повисоко ниво и наметнува потреба од внимателно следење на инфлациските очекувања. Во однос на другите показатели коишто се битни за монетарната политика, движењата на девизниот пазар се стабилни, а се забележуваат и поповолни трендови во делот на штедењето во домашна валута и на долг рок.

Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето за монетарната политика влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, којашто на состанокот на 2 февруари донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за 0,5 п.п“, нагласуваат од НБМ.

Во однос на најновите показатели, домашните цени во декември забележаа мал пад, со што годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 18,7 отсто. Просечната годишна стапка на инфлација за целата 2022 година изнесува 14,2 отсто и е во согласност со последните проекции на Народната банка од 14,3 отсто, а произлегува претежно од порастот на светските цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија и нивниот преносен ефект и врз цените на останатите производи и услуги, во отсуство на доволно домашни ресурси за ублажување на овие шокови. Неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, и натаму постои поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија, поради што и натаму од исклучителна важност е водењето претпазливи домашни политики и внимателното управување со домашната побарувачка.

Нивото на девизните резерви, заклучно со крајот на јануари, ги задоволува меѓународните стандарди неопходни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута, односно тие и понатаму се на соодветно ниво. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на јануари беа релативно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во 2022 година е понизок од очекуваниот, што придонесе за подобри остварувања кај девизните резерви. Најновите остварувања на менувачкиот пазар од почетокот на годината се поволни и засега се во склад со проектираните нето-приливи од приватните трансфери за првиот квартал од 2023 година. 

Што се однесува до домашната економска активност, остварувањата во првите три квартали од 2022 година се многу блиску до проектираните (растот е 2,7 отсто при проекции на Народната банка од 2,5 проценти), а расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал се во прилог на очекувањата дека забавувањето на растот ќе продолжи до крајот на годината. Имено, податоците за овој период покажуваат реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по малиот раст во претходниот квартал, како и натамошни неповолни движења кај индустриското производство и извршените градежни работи. Од друга страна, растот кај прометот во угостителството и натаму е висок и забрзува на годишно ниво.

Во однос на монетарните движења, во декември 2022 година кредитната активност и натаму расте на годишна основа, но поумерено, особено во сегментот на домаќинствата, во согласност со очекувањата. Растот кај депозитите забрза и ги надмина очекувањата, при што кај населението се забележува пораст на склоноста за штедење во денари и на подолг рок.

„Општо земено, неизвесното и променливо окружување и нагласените ризици налагаат натамошна претпазливост од носителите на политиките. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок“, велат од НБМ. 

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници