05 Мај, 2024
0.0284

Спектакуларна изведба на „Перпетум Џезиле“ на сцената на Филхармонија

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Сцената на македонската Филхармонија, вчеравечер бешекако бродска платформа на која атрактивниот словенечки вокален оркестар „Перпетум Џезиле“ направи незаборавно патување низ децениите на светската музичка сцена со изведба на дваесетина антологиски песни. Патувањето како низ времеплов, со симулирање на звук од пребарувач на радио станици, и одлична сценска и светлосна поставеност, на многубројната публика и емитираше позитивни „сигнали“ од познатите композиции на „АБА“, „Пинк Флојд“, „Ван Хален“, „Тото“, „Синди Лопер“, потоа познати француски шансони, до прошетка низ хитови од соседството „Јело Јелено“, „Пусти пусти моду“.


Триесет исклучителни машки и женски вокали кои се чини се синхронизирани во врвно единство на несекојдневен призведувач на звук, софистицирано ја исполнија сцената со вибрации на кои публиката не оддолеа и стана на нозе да ги поздрави со гласен аплауз речиси по секоја песна.

„Перпетум Џезиле“ на средина од концертот сцената ја отстапија на пијанистката Ема Ананиевска, која ги руши предрасудите, и која уште еднаш покажа дека владее беспрекорно со инструментот. Таа на новогодишниот гала-настан на Македонски Телеком екклузивно за изведе композицијата специјално креирана за новогодишната кампања на Македонски Телеком, предизвикувајќи овации кај публиката, истовремено испраќајки порака дека денес благодарение на  технологијатаможат да се остварат соништата.

По настапот на Ананиевска, „Перпетум Џезиле“ концертот го водеа кон кулминација со изведба на „Јовано Јованке“ која ја испеаа заедно со публиката.


„Перпетум Џезиле“ не случјано го носат епитетот на светска музичка атракција која ги обединува музиките култури а воедно и музичките правци- од капела, боса нова, рок, меинстрим и сето тоа со оригинален концепт го пренесуваат овие врвни вокални професионалци. Севкупната реализација на овој концерт професионално поддржана од озвучувачите и светло мајсторите направија светска атмосфера која долго ќе се памети. Од „вокалното радио“ шармантно беа упатени честитки за престојната нова година.

Овој концерт беше организиран од страна на МакедонскиТелеком, кој секоја година на уникатен начин го одбележува крајот на годината заедно со своите блиски соработници, деловни партнери и пријатели. Иако ваквите настани се реткост во нашата земја, сепак тие ни даваат до знаење дека музиката го прави животот поубав и барем на една вечер не’ потсетуваат на вистинските културни вредности.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ