05 Мај, 2024
0.0258

Кои болести ги носи летото и високите температури: Еве од што да се пазите

Објавено во: Стил 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Дојде летото, а со него бактериите и другите проблеми, освен високите температури. Инфекциите кои се нормална појава и кои се појавуваат при покачени температури, можат да бидат благи, но и смртоносни.

Ви претставуваме седум болести кои се скриена опасност на ова годишно време во кое се наоѓаме - лето:

Вирус Западен Нил

Овој вирус се пренесува од птиците и комарците, а луѓето најчесто се заразуваат при каснување од комарец. Оваа инфекција се зголемува во јуни, а кон средината на август е вообичаена.

Многу инфицирани луѓе не покажуваат никакви симптоми, додека кај други се појавува треска, главоболка и вртоглавица. На еден отсто од болните им се развиваат сериозни невролошки нарушувања како енцефалитис, менингитис или парализа, а околу 10 проценти на луѓе од оваа група умираат од оваа инфекција.

Ризикот од овој вирус може да се намали со помош на репеленти против инсекти, носењето на заштитна облека, долги ракави и панталони, кои ќе спречат каснување од инсекти.

Паразит, познат како амеба

Станува збор за амеба, која живее во топла вода, на пример во езерата, реките и топлите извори. Може да се најде и во почвата. Често овие инфекции се случуваат за време на летните месеци. Луѓето се инфицираат од оваа амеба, со пливање во топла вода. Водата која го содржи тој паразит влегува во телото преку носот, а потоа тој патува до мозокот, каде што предизвикува смртоносно воспаление на мозокот и мембраните кои го опфаќаат.

За среќа овие инфекции се ретки, од 2003 година до 2013 година во Америка, кога се води оваа статистика, се забележани само 13 случаи. Луѓето кои ја добиваат оваа инфекција најчесто умираат.

Лајмска болест

Крлежите, главни носители на бактерии кои ја предизвикуваат Лајмска болест, се најактивни во пролет, во почетокот на летото и есента. Тие живеат на темни и влажни места и може да се најдат во тревата, во градините, на кората на дрвјата и стари ѕидови. За да ги избегнете крлежите, носете долги ногавици и користете репеленти за инсекти.

Инфекција на увото

Отитис, како што е латинското име за воспаление на надворешното уво, е честа инфекција поради која милиони луѓе се јавуваат на лекар. За да ги спречите проблемите со ушите, важно е да користите капа за пливање и да ги сушите ушите со суви крпи, штом излезете од водата. Исто така, не треба да ги чистите ушите со чепкалки, затоа што она што се наоѓа во ушите ве штити од такви инфекции.

Хипертермија

Високите температури убиваат илјадници луѓе годишно, а голем број погодени од хипертермија завршуваат во болница. Од 1979 до 2003 година, многу повеќе луѓе умреле од хипертермија, отколку од торнада, урагани, поплави и земјотреси заедно. Високите температури предизвикуваат хипертермија, состојба во која телото апсорбира повисока температура отколку што може да се поднесе.

За да се избегне ова состојба, важно е да бидете во добро проветрени и климатизирани простории и да пиете доволно течности. Никогаш не оставајте ги децата и домашните миленичиња во затворените автомобили.

Камења во бубрезите

Во текот на летото треба да внимаваме за дехидрацијата, која како што велат лекарите, кај некои луѓе предизвикува формирање на камења во бубрезите.

Кога човек се поти, телото ослободува вода, која им помага на минералите да направат камен во уринарниот тракт.

Вирус Хант

Овој вирус се пренесува од глодари и може да предизвика смртоносна болест наречена белодробен Хант вирус синдром. Во летните месеци кога луѓето повеќе време поминуваат надвор, поголеми се шансите да дојдат во контакт со остатоците од инфицирани глодари и така да се заразат.

Овој вирус може да навлезе во организмот и преку воздухот, пишува Хаф пост. За да се избегнете инфекција, се препорачува просторот во кој поминувате подолго време - домот или канцелариските простории да бидат заштитени од глодари.