17 Мај, 2024
0.0308

Патишта што треба да се градат годинава: 12 делници, стотици километри, кои се тие?

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија важи за една од земјите со најлоша патна инфраструктура во Европа, со малку автопатски решенија и недоизградени магистрали. Ниту во 2013 година на овој план нема да се вложува многу во нив, но сепак доколку се реализира во целост најавеното од Јавното претпријатие за патишта, состојбата значително ќе се подобри. Што ќе се гради? Ако се исклучи продолжувањето на доградбата на автопатот кон Грција, чии благодети ќе можеме да ги почуствуваме дури по 4 години, најзначајно за возачите е што за годинава конечно е предвидено санирање на делницата од Велес до Катланово, во должина од 24 км, по примерот на спротивниот правец кој во целост беше завршен есенва. Втората исклучително важна делница која годинава треба да добие сосема нова физиономија е магистралата Велес-Кадрифаково, во должина од 23 км, на која често се случуваат тешки сообраќајни несреќи со трагични исходи. Според планот, овој пат ќе прерасне во експресен, односно од сегашните 6,7 метри широчина, коловозот ќе се прошири на 11 метри, со што патувањето до Штип ќе стане и побрзо и побезбедно. Исто така, годинава конечно, треба да биде доизграден и патот Штип-Струмица. Заменувањето на калдрмата со асфалт на делот Сурдулци-Радичево, ќе значи барем елементарно комплетирање на инсфраструктурата во Источна Македонија. Од регионалните патни правци во финална реализација е и Смрдлива Вода-Ски центар Кожув. Ако биде се во ред, веќе од идната зимска сезона пристапот до овој центар ќе биде можен и со автомобил, и тоа во двата правци. Регионални патишта што треба да се завршат во 2013, а кои се пренесени од програмата во 2012 година се и Радовиш-Конче, Ангелци-Вељуса-Водоча, Кавадарци-Мушов Гроб и Дебар-Струга, во вкупна должина од 66 километри. А, еве што ќе почне да се гради... Освен дозавршувањето на наведените патишта, Јавното претпријатие за годинава издвои и 5 милиони евра за отпочнување на модернизација и реконструкција на неколку регионални правци. Патот до Сончев Град, Гарски мост-Бошков мост, Липково-Арачиново, Тетово-Јажинце и Опае-Белановце-Станчиќ во вкупна должина од 70 километри. Со оглед дека станува за амбициозен план, а малку пари, за очекување е овие патишта да бидат завршени идните години.  М.Г.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер