06 Мај, 2024
0.0217

Кои подароци најчесто ги добиваат милијардерите?

Објавено во: Стил 27 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Милионерите и милијардерите исто така добиваат подароци. Што сепак му се купува на човек кој има сè или пак, ако го нема, може да си го купи. Видете неколку подароци, чија цена започнува од 15-20 илјади долари и може да достигне неколку милиони долари: Часовник Bovet - цена 1.15 милиони долари watch(3) За малку над 1 милион долари добивате освен часовник и патување до фабриката на компанијата во Женева, Швајцарија. Се разбира додатоците зависат само од вас, како и тонот на бојата на бенефициите. Шише вино Richebourg Grand Cru Wine - 15 - 20 000 долари wine(5) Цената на шише од ова ретко вино од Бургундија е 14 473 долари, додека шише од гроздоберот од 1985 година може да надмине 20 000 долари. Од вината се произведуваат само по околу 3.500 шишиња годишно, што ја условува и неговата висока цена. Јахта: 250 милиони долари yacht(11) Едвај има милијардер, кој не поседува јахта. Тие сепак ги сакаат новите придобивки и затоа од Rainsford Saunders Design ги нудат своите услуги за изградба на 140-метарска јахта со 13 кабини, 2 терени за хеликоптери оклопни стакла и максимално ниво на безбедност против скромните ¼ милијарда долари. Пакет "Ferrari": 16 милиони долари Ferrari(1) Идеален подарок за секој богаташ, кој е фан на "црвеното коњче". За сума од 16 милиони долари ќе добиете не обично Ferrari, а тркачки автомобил Формула 1, како и два ВИП билети за сите 20 натпревари во текот на следната година. Со него ќе можете да вечерате со ѕвездите од минатото, сегашните пилоти или да пиете кафе или чај со Берни Еклстоун, кој ги држи правата на Формула 1. Ѓердан за ... кучето: 3,2 милиони долари dog(5) Милијардерите исто така ги обожаваат нивните миленичиња. Покрај парфеми и облека, тие им купуваат и накит. Опишан како Bugatti кучешка каишка за вратот, Amour Amour се предлага за 3,2 милиони долари. Во центарот и е лоциран 7-каратен дијамант, а околу него се уште 1.600 помали дијаманти, придружени со златен или ремен од крокодилска кожа. Уникатна свеќа со накит - 5 000 долари p10(14) Luxury Candles е компанија за луксузни свеќи, која не се мачи да става 6-цифрен цени на своите производи. Ексклузивната линија вклучува ѓердан со 38 дијаманти, околу мирисна свеќа. Скап, но стилски подарок.