04 Мај, 2024
0.0265

Кои се 5-те најгостопримливи градови во светот?

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Во кои градови туристите најмногу се чувствуваат удобно и добро прифатени? Одговорот го дава рангирањето на Readers 'Choice Award во кое корисниците гласаат за нај гостопримливи места во светот. Еве кои градови ги заземаа првите пет позиции во листата:

5. Бриж, Белгија

"Да си во Бриж е како во бајка", сметаат гостите на живописниот белгиски град кој воодушевува не само со атмосфера и архитектура, но и со пријатните локални луѓе, малите кафулиња, каде се сервира топло чоколадо и бисквити. Незаборавно искуство е прошетка со коњи, а кочијашот раскажува неверојатни приказни.

4. Краков, Полска

Градот е вистинско богатство, скапоцен камен, а локалните мештани се многу пријателски расположени, гласат оценките за Краков.

3. Куинстаун, Нов Зеланд

Тука е родното место на авантуристички туризам - има 50 начини да се наживееш секој ден, вели еден од гласачите. Меѓу наведените предности се многу можности за забава - како знаменитости и атракции, така и ноќен живот, а и љубезен однос на локалните луѓе. Како недостаток, сепак се истакнува дека за многуте возбудувања тука ќе ви требаат и многу пари.

2. Даблин, Ирска

"Луѓето го прават местото, а тука во безбројните пабови и ресторани локални и туристи заедно го слават животот", велат посетителите. Градот исто така се нарекува "новата Барселона, но без горештините". Даблин напредува со три места од 5-тото место во 2014 година

1. Сиднеј, Австралија

Туристите се категорични дека тука луѓето се многу љубезни и гостопримливи. Често тие се подготвени да се приклучат на туристите и сами да им ги покажат највпечатливите работи во градот. А тие не се воопшто малку. Комбинацијата од забава и атмосфера го рангира Сиднеј на првото место, при петтото во минатата година.