03 Мај, 2024
0.0257

Кои се авиокомпаниите кои нудат најдобра храна во светот?

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Храната во авионите одамна има негативна слава и секое мислење за неа е придружено со незадоволство.

Обично луѓето слегуваат од авионот, жедни за вистинска храна и се жалат на кулинарски ужас, кој го доживеале.

Луксузните летови се менуваат - добри готвачи, гурмански менија и голем избор на вина веќе се во листите на менијата на авиокомпаниите. Новата оценка на "Foxnews" покажува кои авиокомпании ја сервираат најдобрата храна во светот.

5. Korean Air

korean air Патниците ја одбираат корејската компанија за да уживаат во "Celestial Bar", каде можат да се опуштат со уникатен коктел во рака. Авиокомпанијата освоила две награди „Mercury“ и нуди западни, кинески, јапонски, корејски менија за патниците, меѓу кои имаат и што  да изберат.

4. Etihad Airways

etihad air

„Etihad Airways“ е водечка авиокомпанија во светот според последните награди на „World Travel Awards“. Нивниот единствен двособен стан во небото дефинитивно е фактор за тоа. Гостите кои ќе ја изберат програмата „Residence“ се радуваат на спална, бања и дневна соба со плазма телевизор и други благодети. За еден лет готвачот подготвува голем број гурманските јадења, а исто така се прифаќаат и лични барања од гостите на „Residence“.

3. Emirates

emirates air

Има причина „Emirates“ да заработи голем број награди за своите прва и бизнис класа, вклучувајќи ги и најновите кулинарски награди "Saveur му". Во овие авиони се сервира телешко или пушено пилешко месо со чорба во кокосово млеко. За десерт може да се нарача чизкејк од јагода. Во прилог патникот во прва класа освен кревет, добива и личен мини бар.

2. All Nippon Airways

aal  nippon air Освен убав оброк, клиентите во првата класа на оваа авиокомпанија уживаат и во приоритетни линии за проверка за безбедноста пред летот. Авиокомпанијата нуди избор помеѓу современата европска и традиционална јапонска кујна. Меѓу предлозите се задушени на бавен оган локално растение кое се зачинува заедно со октопод и тиква во сос со соја и задушено говедско во сусам сос. 1. Air New Zealand

new zeland air Менито на новозеландската авиокомпанија го подготват готвач и двајца консултанти за вина. Air New Zealand нуди традиционална новозеландска кујна. Меѓу предлозите се печен лосос со смрадлика, а потоа за главно јадење мавританско пилешко со зачини, бел грав, печена тиква и др.