26 Април, 2024
0.0284

Кои се најбројните странски гости во македонските хотели во декември?

Според проценките на туристички работници девизниот прилив на македонските хотели во декември надминува 3 милиони евра само од ноќевања

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Бугари и Грци во декември ги полнеле македонските хотели и биле најбројните гости во земјава, покажуваат официјалните податоци на државниот завод за статистика објавени деновиве. Бугарските туристи со 18,7 отсто (односно 4.924 туристи) од сите 26.383 странски туристи биле најбројни гости во македонските хотели во последниот месец во 2016 година пред Грците кои учествуваат со 16,3 отсто од сите странски гости. Очекувано меѓу најбројните странски гости се и српските туристи со 9,7 отсто од сите странски гости пред Турците со 8,9 отсто и Албанците со 8,4 отсто. 

Интересно е тоа што во декември биле регистрирани дури 638 туристи од јужна Кореја наспроти сите други туристи од Азија кои вкупно биле 502 со исклучок на Кина и на Јапонија.

Во декември македонските хотели и сместувачки капацитети пријавиле околу 44.000 ноќевања што според неофицијалните проценки на туристичките работници се приходи кои надминуваат 3 милиони евра само од ноќевања на странските гости. 

Лани земјава ја посетиле вкупно 510.484 странски туристи што е за 5 отсто повеќе од 2015 година. Вкупниот број на ноќевања на странски туристи изнесува 2,46 милиони и е за 1,2 отсто поголем од 2015 година.
Бројот на домашни гости во последниот месец лани е 15.718 туристи кои оствариле 33.548 ноќевања. 

Која е топ посетувана дестинација?

Најпосетувана дестинација за странските туристи во декември 2016 година е Скопје. Дури 10.443 од нив се регистрирани како гости во Скопје и при тоа оствариле 19.189 ноќевања. Тоа значи дека околу 1,5 милиони евра само од ноќевања е девизниот прилив на скопските хотели од нивните гости од странство.

На второ место, очекувано е охридско-струшкото крајбрежје и Дојран. Вкупно се регистрирани 12.103 ноќевања на 7.434 гости. Просекот на бројот на ноќевања по турист на Скопје е многу повисок од тој на езерските градови. Тој покажува речиси две ноќевања по турист во Скопје, а помалку од 1,5 ноќевање по турист на езерските градови. 

Тоа покажува дека тие треба да се фокусираат на својата понуда за да можат подолго да ги задржат своите гости. Македонските планински туристички центри во декември привлекле само 1.310 странски гости кои оствариле 2.322 ноќевања. Овој податок покажува дека е многу ниско учеството на планинските места во агрегатот на туристичка реализација и дека има многу простор за работа и за подобрување односно за зголемување на нивното учество.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија