17 Мај, 2024
0.0278

Кои се најголемите македонски банки? Располагаат со 6,3 милијарди евра вредна актива!

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Секоја од трите најголеми банки во 2022 година, во просек, во македонската економија вбризгале по 100 милиони евра кредити, а вкупно нивните кредитни пласмани надминуваат 3,5 милијарди евра. И кај трите најголеми банки видлив е трендот на намалено вложување во државни обврзници

Во структурата на македонскиот банкарски систем продолжува доминацијата на трите најголеми деловни банки, покажуваат официјалните финансиски податоци кои деновиве ги објавија „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Комерцијална банка“.

Трите најголеми банки меѓусебно делат над 60 отсто од целиот банкарски пазар. Трите банки заедно за 2022 година генерирале добивка од 114 милиони евра. Според финансиските резултати овие банки и во 2022 година ќе бидат меѓу најуспешните македонски компании.

Овие банки се најмоќните финансиски институции во земјава. Нивната заедничка актива на крајот на минатата година вреди 6,3 милијарди евра. Најголема македонска банка според вкупната актива и лани, како и годините претходно, е Комерцијална банка. Нејзината актива изнесува 2,45 милијарди евра.

Трите банки заедно во кредити на населението и на фирмите пласирале 3,52 милијарди евра. Најголем кредитор лани е Стопанска банка Скопје. Нејзиното кредитно портфолио во националната економија вреди вкупно 1,4 милијарди евра. Воедно Стопанска банка Скопје и понатаму останува најголем кредитор на населението.

Комерцијална банка останува да биде најголем чувар на парите на македонските граѓани и фирми. На крајот на 2022 година во депозити и штедни влогови се чуваат 2,17 милијарди евра. Трите банки заедно на крај на минатата година чуваат речиси 5,2 милијарди евра.

Трите банки од камати лани заработиле 171 милиони евра. Најголемо учество има Стопанска банка Скопје, а тоа е заради структурата на клиенти во која, како што се знае, доминираат физичките лица.

Од аспект на провизиите и надоместоците, како втор најголем извор на приходи, лани најдобар резултат во конкуренцијата на трите најголеми има НЛБ Банка со реализација од 20,5 милиони евра.

Трите најголеми банки имаат и релативно изедначени добивки од работењето. Во мртвата трка меѓу две од нив Стопанска банка има 39,7 милиони евра профит што е за само 0,1 милиони евра подобро од НЛБ Банка.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници