30 Април, 2024
0.0252

Кои се најголемите ризици за светскиот раст?

Објавено во: Анализа 31 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен Фонд постојано поставува и ревидира проекции за растот на светските економии и за светот генерално. Последните проценки се дека светот оваа година ќе расте со 3,1 процент, додека наредната година со 3,8%. Добро е што се предвидува раст, уште подобро што истиот ќе се зголеми иднината година, но сепак по патот на напредокот има многу пречки. Да погледнеме кои според ММФ се најголемите закани според ММФ: 1. КИНА Сите се плашат од потенцијалното успорување на голема нова сила. Во основа сите очекуваат менување на курсот на кинеската економија од извозно зависна во потрошувачка економија. Исто така кинеската економија има голем број на инвестиции кои ја движат напред, огромен дел од нив секако е стимулиран од страна на државата. Најголемиот страв е дека инвестициите ќе запрат многу побрзо од зголемувањето на потрошувачката. Што би потрошувачката нема да биде доволно силна за да го надомести падот на инвестициите. Јасно е дека Кина нема да расте со темпо како што растеше до пред некоја година. Но дали е можно и подрстичен пад, тоа е е главниот ризик 2. ЈАПОНИЈА Земјата превзема мерки за стимулирање на заспаната економија. Тоа не е ништо чудно, посебно не сега. Но, овој пат Јапонците тоа го прават на крајно радикален и досега незабележан начин. Притоа делува дека не се води доволно сметка за фискална контрола во земјата која има огромен јавен долг. Иако генерално истиот е најмногу домашен, сепак е исклучително висок. Најголемиот страв е дека се превземаат прерадикални мерки кои може да имаат огромни реперкусии, во форма на висока и неконтролирана инфлација 3. САД Сите чекаат да видат што ќе превземе Бен Бернанке. И САД како и Јапонија води исклучително слободна монетарна политика со цел да ја стимулира економијата. Засега му успева, но како што поминуваат месеците сите се прашуваат каде е крајот и што ќе се случи кога програмата ќе биде запрена. Дали во меѓувреме пазарите станаа презависни од парите на Бен. Редакција Фактор