17 Мај, 2024
0.0254

Кои се најмоќните банкарски брендови, кои од нив работат во Македонија?

Објавено во: Анализа 05 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Една јапонска, три американски и една швајцарска банка ја сочинуваат првата петорка на највредни банкарски брендови за 2014 та. Според најновото рангирање што го објави угледниот “Банкер“ под наслов “Топ 500 Банкарски брендови 2014“, банките се рангирани според проценката за вредноста на нивниот бренд. Аналитичарите оценуваат дека банкарските групации се повеќе ја согледуваат потребата да бараат начин како да се зајакне нивниот бренд на финансиските пазари. Јапонија и Америка  – лидери во светот! Според најновото рангирање на “Банкер“ на прво место според вредноста на брендот е “Bank of Tokio – Mitsubishi“, една од водечките и најголеми банки во Јапонија. Второто, третото и четвртото место се резервирани за американските групации: “Bank of America“, “Wells Fargo“ и “HSBC“. На петтото место според вредноста на брендот се наоѓа швајцарската банкарска групација “UBS“. Според анализата на “Банкер“, помалите банки направиле поголем исчекор во однос на поголемите банки. На првите 100 Топ Банки отпаѓаат 78% од вкупната вредност на брендовите на сите 500 регангирани банки. Што може да се очекува во текот на следната година? – прашува “Банкер“. Според аналитичарите, банките се повеќе ја осознаваат потребата од силен бренд и вложувањето во него. "Во текот на изминатата година, банките навистина се фокусираа на клиентите. “Тие почнуваат да се сфаќаат дека нивниот бренд е скапоцено богатство кое треба да се одржува. Со фокусирање на зголемување на задоволството на клиентите и конкурентноста на производите што се нудат, мислам дека ќе видиме натамошно зајакнување на брендовите“ – оценува аналитичарот Андерсон. “Банкер“ ја објави и листата на банки – губитници на вредноста на своите брендови. Во првата петорка се “Sperbank“, “ Bradesco“, “Banco Do Brasil“, “Itau“ и “State Bank of India “. Според вкупната вредност на банкрските брендови, анализирано по региони, на прво место е Европа, следува Северна Америка, Азија, Пацификот, Јужна Америка, потоа по вкупната вредност на банкарските брендови е Средниот Исток, Африка и на крајот Централна Америка. Еве колку изнесува вкупната вредност на банкарските брендови по региони :   Европа                            332,7 милиони долари Северна Америка           240,8 милиони долари Азија                                221,9 милиони долари Пацифик                            41,5 милиони долари Јужна Америка                  40,2 милиони долари   Според најновото рангирање на “Банкер“ во првите десет најсилни банкарски брендови спаѓаат француски, бугарски, швајцарски групации. Така на листата највредни европски брендови се рангирани:  “BNP Paribas “, “Sperbank“,“ING“, “Santader“ , “NSBC“, “Societe Generale“, “Uni Credit“. Кои европски брендови работат во Македонија? Од големата банкарска четворка, во земјава три банки се во доминатна сопственост на европски банкарски групации. Така со Стопанска Банка менаџира НБГ или Националната Банка на Грција, Тутунска Банка е во сопственост на словенечката Нова Љубљанска Банка и Охридска Банка е под водство на француската Сосиете Женерал. Од европските најјаки брендови за 2014 та, што ги рангираше “Банкер“, во Македонија е прсутна “Societe Generale“ преку сопствеништво врз некогашната “Охридска банка“. Дел од банките, како на пример бугарската ““Uni Credit“, иако е влезена во 17 европски земји, меѓу кои и оние од нашето соседство како Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, немаат свои испостави во земјава. Слична е и состојбата со француската “BNP Paribas “, која е присутна во 78 земји во светот. Се смета за една од водечките банкарски групации во евро-зоната која вработува вкупно 190 000 луѓе. Австриската “Рајфајзен“ по неколкуте најави – сепак не успеа да влезе на македосмкиот пазар, иако таа е присутна на Косово, во Албанија, Бугарија. На крајот од минатата година, гувренерот Димитар Богов оцени дека е можен влез на силни меѓународни банкарски брендови заради можна продажба на македонски банкарски подружници. “Во Македонија во моментов има 16 банки, што е премногу. Можни се повеќе спојувања и преземања на некои од македонските банки. Тоа е процес што го поттикнувам во последните две години. Би било идеално да има седум до десет банки. И матичните банки би можеле да одлучат да ги продадат своите македонски подружници, кои се сосема солидни банки, а тоа можеби ќе доведе до влез на некои силни меѓународни имиња на пазарот. Повеќе од 90% од банките во Македонија се странски и сите тие се концентрирани кон решавањето на проблемите во матичните држави“ – изјави  Богов за "Американ тајмс". Сепак, и дел од помалите банки се во доминатна сопственост на странски банки. Една од последите банакрски зделки со познат европски бренд, се случи со купувањето на “Инвест Банка“ од страна на австриската Шпаркасе Банка. Следуваше и превземањето на “Ик Банка“ од страна на турската “Халк Банка“, која се вбројува како еден од најздравите банкарски брендови. Во меѓувреме, нов сопственик доби и “Силекс Банка“ која беше купена од бугарската Централна кооперативна Банка. А.Д.