27 Април, 2024
0.0287

Кои се најновите случувања на пазарот на капитал?

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Господине Камчев,

2016 година полека изминува. Почна со драматичен пад на цените на суровините и нафтата, денес индексите се на својот врв, го имавме Брегзит, Американците го избраа Трамп, FED вчера ја зголеми каматната стапка.

Како го би ги отцениле случувањата на пазарот на капитал и активностите на централните банки?

Лазе Камчев: Во 2016 година американскиот берзански индeкс S&P го достигна свој историски врв. Почетокот на годината го карактеризираше пад на цената на суровините кои се уште под просекот на последните неколку години.

Дефлацискиот притисок во Европа ја присили централната банка на активност. Ова значеше нов степен на стимулативни мерки. Намалување на каматните стапки на – 0,4% (негативни 0,4%), воведе програма за рефинансирање на кредити на други банки, проширувањето на купувањето на обврзници и купување на небанкарски корпоративни обврзници.

Мека монетарна политика покрај Европа водеа и останатите светски централни банки, вклучително и Американската. Првото зголемување на каматните стапки се случи во декември 2015 година, а по тоа очекувавме неколку зголемувања на референтните каматни стапки, но вчерашното беше прво оваа година.

Како резултат на мека монетарна политика приносите на долгорочни вложувања во обврзници на некои земји завршија во негативна територија.

Европа го имаше Брегзит, Америкаците го добија Трамп?

Лазе Камчев: Поголема нестабилнот на пазарите забележавме во јуни, кога поради „Brexit”-от. Островјаните се одлучија за независност. Конечниот политички и економски резултат е неизвесен бидејќи преговорите започнуваат во март.

Од другата страна на Атлантикот во неизвесната и тесна трка за избор на претседател на Америка слави Њујоршкиот бизнисмен, Донал Трамп. Неговите ветувања за владини инвестиции, намалување на дел од даноците и острата надворешна политика ја измешаа волатилноста на пазарот.

Акцискиот пазар во САД имаше доста приливи, а обврзниците беа под притисок на продажба што главно се должи на очекувањата за зголемување на каматните стапки и поголемото трошењето кое се очекува од администрацијата на Трамп. Акциите на компаниите во индустрискиот сектор се зголемија.

Очекувањата за зголемување на каматните стапки позитивно влијаеа на финансиските компании во поглед на цените на нивните акции, бидејќи со повисоки камати ќе книжат поголеми маргини на задолжување кое се очекува да остане исто. Од друга страна компаниите кои испорачуваат комунални и енергетски услуги (utilities) поради очекувањата за зголемување на каматите имаа пад на вредностоте на акциите бидејќи имаат доста долгови (кредити) што директно ќе влијае на нивната профитабилност.

Вчера FED—ја зголеми каматната стапка, што може да се очекува?

Лазе Камчев: Инвеститорите очекуваат раст на каматните стапки на заседанието на FED во декември 2016 и тоа го добија вчера. Движењето на каматите е веќе вкалкулирано во краткорочните обврзници. Приносот до доспевање на двегодишната Американска државна обврзница порасна за приближно 0,4% и беше 1,16% на ден пред состанокот на FOMC а на самиот ден до 1,22%. Од FED се очекува уште три пати да ја зголеми референтната каматна стапка во 2017 година, а не два пати како што се планираше до скоро и уште толку во 2017 година.

Инфлацијата е се уште на историски ниско ниво од 1,6% на годишно ниво и постепено се „опоравува”. Таргетирањето на инфлацијата би се движело во интервал од 1,9% до 2% следната и 2018 година. Растот на платите е поголем од продуктивноста, а се зголемува и кредитирањето кај компаниите и физичките лица. FED ќе го задржи износот на државни обврзници купен пред кризниот период.

Доларот постојано зајакнува во однос на еврото, на што се должи тоа и што во иднина?

Лазе Камчев: Во 2016 година, еврото беше на историски ниско ниво во однос на доларот. Причината за ова лежи во експанзивна монетарна политика на ЕЦБ. Во понамошното купување на Европската централна банка во износ од 60 милијарди долари на месечна основа до крајот на 2017 година, притисоците се дефинитивно на зајакнување на доларот во однос на паритет (изедначување на курсот со еврото). Меѓутоа, во случај на забавено расте во САД и зајакнување на економиите во развој може да го изгуби еден долар, а со тоа и на EUR / USD достигне 1,15.

Што се случува со Кина економски?

Лазе Камчев: Кина е главниот двигател на глобалниот економски раст по GFC. Во 2017 година, се очекува економскиот раст да изнесува околу 6,5%, што ќе дојде од зголемената јавна потрошувачка. Придонесот на владини инвестиции за раст ќе биде помал отколку во претходните години, бидејќи ја покажаа неефикасноста на големи инвестиции во претходните години. Чекорите веќе се преземени за намалување на вишокот капацитет во индустријата за челик и иницијативи за почиста индустрии. Извозот во последните две години, ќе придонесе помалку за економскиот раст, како резултат на помала конкурентност на кинеската индустрија, посилен долар и протекционизам.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“