02 Мај, 2024
0.0248

Кои се најпродуктивните земјоделци за 2013 година?

Објавено во: Агробизнис 15 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Во рамките на годинешното издание на саемската манифестација „Агрофуд“, доделени беа наградите „Најпроактивен земјоделец“. Оние кои ги примија наградите посочија дека проблем останува пласманот на ориз и откупната цена на млекото, а подобрувања има во давањето кредити. За Глигорчо Димитриев од кочанското село Подлог, кој ја доби наградата за најпроактивен земјоделец во категоријата житни култури, најважно за нив е сега да имаат поволни кредити со ниски камати, до 6 отсто, и едноставени процедури. Инаку, земјоделците велат дека годинашната реколта на жито надмина 7 тони по хектар, количините се откупени и исплатени, но цената е ниска. Проблем, според нив има со оризот кој не се откупува. Јетон Зекмани од битолското село Доленци беше награден за органско производство, Киро Грковски од струмичкото село Банско за раноградинарско производство, Милена Делева од село Фурка, Дојранско, за долгогодишни овошни насади, како и Даниел Мацов од прилепското село Слава за сточарство. Наградите во петте категории, житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство и органско производство, ги доделува Прокредит банка. Настанот се организира втор пат. На свеченото прогласување присуствуваше и министерот за земјоделство Љупчо Димовски, компании и институции од агро секторот, како и голем број на гости. Добитниците на признанието добија наменски ваучер од Прокредит Банка во вредност од 150.000 денари.    

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?