05 Мај, 2024
0.0237

Кои се најубавите европски замоци?

Објавено во: Стил 18 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Ајфеловата кула и Лувр не се единствените привлечни дестинации, кои може да ги посетите, ако патувате во Франција.

Таму може да се види и еден од најубавите европски замоци - Хаут-Каонигсберг. Изграден е во 12 век, но дури три века подоцна се претвора во вистински царски симбол во регионот на Алзас. Околу 60.0000 посетители секоја година пристапуваат низ величествените порти на палатата.

Следниот замок на листата ни е Нојшванштајн во Германија. Ова е најпознатиот замок на баварскиот крал Лудвиг II, кој послужил за амблем на „Волт Дизни". Тој се наоѓа на границата со австриската покраина Тирол.

Бронзениот медал е за украинскиот замок со име Ластовичко гнездо. Тој е мал, лоциран е во близина на минерални бањи на територијата на Крим. Изграден е меѓу 1911 година и 1912 година и се наоѓа на врвот на 40-метарска карпа.