07 Мај, 2024
0.0284

Кои се најзагадените градови во светот?

Објавено во: Стил 12 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Во Иран и Индија се наоѓаат најзагадените градови во светот. 

Овие податоци ги соопшти денеска Светската здравствена организација.

Во градот Забол во Иран, каде за време на летото често има песочни бури, забележан е најзагаден воздух. Зад него по загаденоста се индиските градови Гвалиор, Алахабад, Патна и Рајпур,

Експертите на СЗО сметаат дека иако Индија е во лоша состојба на ова поле, многу земји се во толку лоша состојба што дури немаат ниту систем за контрола на воздухот. Затоа овие земји не можеле да бидат рангирани.

Главниот град на Индија, Њу Делхи е на  деветото место, што значи напредок во однос на 2014 година, кога е прогласен за најзагаден град во светот.

Истражувањето е направено во 3.000 урбани места и покажува дека само 2% од градовите во сиромашните земји ги исполнуваат стандардите на СЗО за квалитетот на воздухот, како и 44% од богатите градови.