15 Мај, 2024
0.0249

Кои се најзначајните зделки на пазарот на хотели во Европа и светот?

Објавено во: Анализа 10 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Продажбата  хотелот Hilton е меѓу најзначајните зделки на пазарот на хотели во Централна и Источна Европа, според консултантската компанија Jones Lang LaSalle, пишува property-magazine.eu. Хотелот беше купен од бизнисменот Спас Русев за 24 милиони евра. Hilton беше ставен на продажба од ирската Quinn Group во почетокот на минатата година поради тешката финансиска состојба на компанијата. Покрај хотелот во Софија, компанијата продаде и уште еден хотел во Полска - Sheraton Krakow. Hilton , за разлика од другите хотели во high категоријата, има добри вработувања и ги задржи своите позиции на пазарот дури во кризата . Меѓу големите трансакции на пазарот на хотели во регионот е и оваа за Bristol Hotel во Варшава , кој беше купен од британски фонд , како и продажба на Intercontinental Hotel во Прага , кој беше оценет на 115 милиони евра . " Овие продажби претставуваат првите големи корпоративни хотелски зделки во Централна и Источна Европа од околу 3 години. Засилениот интерес во оваа област беше активиран од несогласување во цените со главните пазари во Западна Европа " , коментира Ангус Вејд од JLL. Тој предвидува дека 2014 година ќе биде интересна година за инвеститорите кои бараат сигурни инвестиции во Централна и Источна Европа . Пазарот на хотели во Европа , Блискиот Исток и Африка Генерално обемот на трансакции во Европа , Блискиот Исток и Африка се зголемил за 17 отсто во 2013 година до 13,2 милијарди долари . Главен двигател на растот се трансакциите на главните пазари - Велика Британија , Франција и Германија . Експертите очекуваат оваа година обемот на трансакциите да расте со над 20 отсто до 16 милијарди долари . " Иако некои пазари се во различни фази на обновување , расположенијата се многу позитивни , што доведува до зголемен интерес за инвестирање во хотели " , изјавил Џон Хибирд од JLL . Пазарот добива поддршка и од продажбата на проблематичните активи , контролирани од доверителите , како и голем број на приватни инвестициски фондови , додава тој. Експертите очекуваат да се зголеми апетитот од страна на институционалните инвеститори. Регистриран е сериозен раст на прекуграничните инвестиции , особено од базирани во САД фондови за акционерски капитал , кои се насочуваат или кон водечките пазари , или кон опортунистички средства. Најдобри можности и оваа година ќе обезбедат водечките европски пазари. Добри средства можат да се најдат и во Шпанија, Италија и Ирска. Според прогнозите интересот за средствата во Централна и Источна Европа исто така ќе продолжи да расте. К.К.