03 Мај, 2024
0.0259

Кои се Петте најбогати жени во светот?!

Објавено во: Стил 06 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Во светот има 1810 милијардери, но само 190 од нив се жени - ова станува јасно од годишната листа на најбогатите луѓе на планетата, рангирани според „Forbes“.

Тоа е со 7 помалку во однос на една година претходно, а бројот на жените со богатство од најмалку 10 цифри е малку над 10% од сите милијардери.

Во изминатата година вкупно 6 од жените милијардери починаа, додека состојбата на други 31 веќе е под 1 милијарда долари.

Нови 27 жени сепак спаѓаат во листата за прв пат, а уште 3 се враќаат во неа откако беа во престижната листа и во претходните изданија.

Лилиан Бетанкур, според последните податоци, е најбогатата жена во светот со лично богатство од 36.1 милијарди долари, што и ја дава 11-та позиција меѓу милијардерите.

Родена пред 93 години оваа жена во моментов е најголемиот акционер во основана во 1907 година козметичка компанија L'Oreal. За последните 12 месеци состојбата на Бетанкур се намалил со над 4 милијарди долари.

Втората позиција меѓу најбогатите жени во светот е на Алис Волтон, чие богатство веќе е 32.3 милијарди долари, или 7,1 милијарди долари помалку од пред една година, што се должи главно на поевтинувањето на исправите на Wal-Mart.

Алис Волтон не е посветена пред се во управувањето на најголемиот синџир за трговија на мало во светот, наместо тоа сака да се фокусира во колекционирање на уметнички дела, како и добротворни цели.

Неодамна таа донираше и 25 000 долари за претседателската кампања на Хилари Клинтон.

76-годишната Жаклин Марс е наследничка на фамилијата, која ја основаше Mars - компанијата која произведува чоколадни десерти. Денес богатството и се проценува на 23.4 милијарди долари, или 3,2 милијарди долари помалку во однос на една година претходно.

Mars има годишни приходи од 33 милијарди долари, но ниту Жаклин, ниту нејзиниот брат активно учествуваат во управувањето на компанијата.

Марија Френк Пишон е четвртата најбогата жена во светот со лично богатство од 22.1 милијарди долари. Таа е вдовицата на Микеле Фереро, основач на Ferrero Group. Мажот и почина во текот на изминатата година и денес 97-годишната Марија и нивниот син Џовани се сопствениците на популарната компанија која ги произведува Nutella, Kinder и бонбонките Tic-Tac.

На петтата позиција меѓу најбогатите жени во светот е Суза Клатен. Мајката на Суза - Јоана, почина во текот на изминатата година и денес таа и нејзиниот брат Стефан поседуваат речиси половина од познатата германска марка автомобили BMW.

Богатството на Клатен се проценува на околу 18,5 милијарди долари. Интересно е да се напомене дека минатогодишната најбогата жена во светот Кристи Волтон дури не спаѓа во првите 10.

Тоа стана факт по излегувањето на криени до овој момент документи кои покажуваат дека еден од наследниците на основачот на Wal-Mart Џон Т. Волтон не го префрлил целото богатство на жената.

Тој донира половина од своето богатство на различни добротворни организации, а 1/3 од него на својот син Лукас, кој денес е еден од најмладите милијардери во светот со богатство од 10,4 милијарди долари. Така богатството на Кристи Волтон денес изнесува 5.2 милијарди долари, според податоци на Forbes.